Од најдобар македонски баскетџија до успешен тренер: Ервин Цого со одлично тренерско деби на кормилото на швајцарската репрезентација

Најдобриот македонски баскетџија, Ервин Цого, оваа сезона покажа дека е подеднакво добар на теренот, но и надвор од него – како тренер.

od-najdobar-makedonski-basketdjija-do-uspeshen-trener-ervin-cogo-so-uspeshno-trenersko-debi-na-kormiloto-na-reprezentacijata-na-shvajcarija-01.jpg

Изминатава сезона, Цого, освен што активно играше баскет, одлично се снајде и во новиот предизвик – тренер на швајцарската 3х3 репрезентација, но и на 3х3 клубот „Фрибург“.

Неговата дебитантска сезона заврши и повеќе од успешно.

od-najdobar-makedonski-basketdjija-do-uspeshen-trener-ervin-cogo-so-uspeshno-trenersko-debi-na-kormiloto-na-reprezentacijata-na-shvajcarija-03_copy.jpg

Под водство на Цого, Швајцарија освои прво место на квалификациите за 3х3 Европското првенство 2024, а на првенството, што се одржа во Австрија, финишираа четврти, што е најголемиот успех на оваа репрезентација во нивната историја.

Истовремено, нашиот баскетџија работеше и како тренер на 3х3 екипата на „Фрибург“. Овој тим ја заврши сезоната на 25. место во светот.

od-najdobar-makedonski-basketdjija-do-uspeshen-trener-ervin-cogo-so-uspeshno-trenersko-debi-na-kormiloto-na-reprezentacijata-na-shvajcarija-04.jpg

„Мојата прва сезона како тренер беше навистина возбудлива. Ова го кажувам и од аспект на резултатите што ги постигнавме, но и поради тренерскиот предизвик, кој е нешто ново за мене.

Целиот тим вложи голем труд и на крајот тоа даде одлични резултати.

Среќен сум што водам национален тим, тоа е голема одговорност, но и предизвик.

od-najdobar-makedonski-basketdjija-do-uspeshen-trener-ervin-cogo-so-uspeshno-trenersko-debi-na-kormiloto-na-reprezentacijata-na-shvajcarija-02.jpg

Истовремено имам и супер екипа, дечките од првиот момент веруваа во мене, одлично се разбираме и на крајот, резултатите зборуваат сами за себе.

Им благодарам на сите што ми дадоа поддршка како тренер и се надевам на уште поуспешна сезона следната година“, вели Цого.

od-najdobar-makedonski-basketdjija-do-uspeshen-trener-ervin-cogo-so-uspeshno-trenersko-debi-na-kormiloto-na-reprezentacijata-na-shvajcarija-07_copy.jpg

Освен работата како тренер, тој оваа сезона си исполни голем спортски сон – настапи на World Tour со екипата на Фрибург и со тоа стана првиот Македонец во историјата кој играл на ова најпрестижно 3×3 натпреварување.

od-najdobar-makedonski-basketdjija-do-uspeshen-trener-ervin-cogo-so-uspeshno-trenersko-debi-na-kormiloto-na-reprezentacijata-na-shvajcarija-06.jpg

Прочитајте и Ервин Цого испиша историја во македонскиот баскет, стана првиот Македонец кој настапил на World Tour 3x3

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Силувал 12 годишно девојче, бил 1 година во затвор – Најскандалозниот учесник на Олимпијадата во Пар... Откако беше осуден за силување, доби 4-годишна затворска казна, но помина само 1...
Италијанскиот пливач, кој освои злато, спие во парк: „Подобро таму, отколку без клима и на картонски... Хит видео и фотки од олимпиецот кој освои злато, а спие на трева во парк во Пари...
Маратонецот Дарио Ивановски со развиорено знаме помина на целта - Олимписката трка ја заврши на 69-т... Пред да влезе на целта, Дарио од својот тренер го зеде македонското знаме и со в...
Директорот на млади категории на гигантот Пик Сегед во улога на тренер и предавач на кампот „40х20“ ... Еднодневниот бесплатен семинар, ќе се одржи за време на кампот во Охрид и истиот...
Македонско девојче: Илина Соколовска освои злато во Бундеслига Македонското девојче Илина Соколовска повторно постигна неверојатен успех! На ст...
Турчинка е хит кошаркарски тренер - со високи потпетици на теренот го бодри својот тим (фото) „Јас сум жена која ја прикажува женската моќ“, вели Селен Ердем од Турција, која...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg