RED BULL CLIFF DIVING / 2017 / BOSNIA AND HERZEGOVINA / MOSTAR - Хант конечно го освои стариот мост во Мостар
- Детали
- вторник, 19 септември 2017
Британецот го надмина баксузот со мостовите, додека Американката Карлтон заврши со непостојаната форма со победа на претпоследната станица од скоковите од карпи на Red Bull во Босна и Херцеговина.
Англичанецот Гери Хант се врати во владејачката форма и ја освои втората победа од сезоната во Мостар, Босна и Херцеговина, и со тоа повторно го зазеде водството во генералниот пласман кај мажите. Американецот Стивен ЛоБуе исто така го повтори својот најдобар резултат од сезоната со освојување на второто место, додека 22-годишниот спортист со вајлд карта и дебитант во светското првенство, Никита Федотов од Русија, имаше изненадувачки, но чудесен настап и заврши трет, пред воодушевената толпа од 17.000 фанови. Кај жените, Сесил Карлтон од САД ја остави слабата сезона зад себе и ја извојува првата победа од 2015 година, додека Австралијанката Хелен Мертен заврши на второто, а Германката со вајлд карта, Ана Бадер на третото место.
Атмосферата пред скоковите генерално беше концентрирана околу претходните неуспеси на Хант при скокањата од мостови на настаните од светското првенство, затоа што на четири натпревари од мост во река, тој не успеа да заврши на врвот од подиумот, како и при неговиот скорешен настап од 27 метарската платформа во Тексас. Но, во едно попладне тој ги разубеди „неверниците“ во врска со двете прашања, па се врати во форма за да му застане на патот на инспирираниот конкурент ЛоБуе, и ја освои својата 30-та победа во 64 натпревари.
Американецот ЛоБуе има 32 години, кој водеше по третата рунда, без трема го изведа својот скок навнатре на последното нуркање во денот, но сепак заостана зад Британецот за неколку бода. Со три деветки и две оцени од 9,5 што ги доби од судиите, Русинот Федотов го постави најдобриот резултат во денот, иако ова му беше прво појавување на ова светско натпреварување. Тој го покажа својот сјаен талент со изведување на акробатски маневри од три секунди, со што си обезбеди подиум.
По не многу успешната сезона за Карлтон, чиј што најдобар претходен резултат од 21-метарската платформа и беше 6-то место, 36-годишната спортистка уште еднаш беше инспирирана од магијата на „Стари мост“, таа направи серија на скокови со кои ја пресече реката и беше за едно место подобра од минатата година кога дојде овде и го освои второто место. Мертен и Бадер не се изненадување на подиумот оваа година, и повторно покажаа непоколеблива постојаност, дури и на студената река Неретва, а воедно им се придружија на Карлтон во победничкото славје со шампањско.
Бидејќи Австралијанката Ријана Ифленд го пропушти овој настан заради повреда при тренинг, Адријана Хименез сега го намали јазот во генералниот пласман на само 60 поени, иако тој можеше да биде уште помал, ако Мексиканката не направеше грешка при последното нуркање, заради што заврши на четвртото место.
Додека кај жените се уште е неизвесно пред последната станица на нова локација во Чиле во октомври, актуелниот шампион Хант сега е во водство од 140 поени пред Џонатан Паредес, кој заврши на шестото место. Мексиканецот, како и Англичанецот Блејк Олдриџ, кој дојде во Босна и Херцеговина како лидер во светското првенство, се уште имаат што да кажат во борбата за титула во една од најнеозначенѕете сезони досега.
ИЗЈАВИ ОД ПОБЕДНИЦИТЕ:
Гери Хант, Велика Британија:
Дефинитивно почувствував дека ова е важен натпревар, кога ќе се погледне на првенството. Пристигнав овде и вториот ден прочитав статија дека никогаш не сум победил на натпревар од мост и тоа некако ме погоди, па си реков: „Добро, ќе ви покажам дека можам да нуркам од мост.“ Дефинитивно е возбудливо кога сезоната е отворена на последниот настан. Многу е чудно чувството да се заврши сезоната со претходно веќе одлучен пласман. Значи, настанот ќе биде супер возбудлив и забавен, но јас ќе ја носам оваа победа со мене и се надевам дека таа самодоверба ќе ми помогне да победам.
Сесил Карлтон, САД:
Ова не беше многу добра сезона за мене, па затоа денеска се чувствувам чудесно, екстатична сум. Сезоната ми беше ужасна, па затоа успеав да врзам четири скокови, немам зборови. Многу сум среќна! Луѓето овде се чудесни, навивачите се луди, ги гледате на мостот и насекаде. публиката е „лудница“, можете да ги видите било каде на мостот и слично.
Табела (мажи): 1. Гери Хант (Велика Британија) 660 поени, 2. Џонатан Паредес (Мексико) 520 поени, 3. Блејк Олдриџ (Велика Британија) 510 поени, 4. Дејвид Колтури (САД) 430 поени, 5. Енди Џонс (САД) 418 поени.
Табела (жени): Ријана Ифленд (Австралија) 690 поени, 2. Адријана Хименез (Мексико) 630 поени, 3. Хелена Мертен (Австралија) 610 поени, 4. Џинџер Хубер (САД) 520 поени, 5. Сесил Карлтон (САД) 440 поени.