Бекам формира свој фудбалски тим за кој гради стадион во Мајами
- Детали
- среда, 14 јуни 2017
Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, Дејвид Бекам, планира да формира свој фудбалски тим во Мајами. За таа цел тој веќе има обезбедено земјиште за изградба на стадионот.
Имено, Бекам неодамна со помош на општината Мајами купи земјиште во вредност од 9 милиони долари и заедно со претходното купеното земјиште во вредност од 15 милиони долари успеа да формира парцела за изградба на стадион во Мајами.
На овој стадион треба да настапува новоформираниот фудбалски тим Мајами Бекам Јунајтед, кој ќе настапува во MLS (Aмериканската прва лига во фудбал) која во 2020 година ќе се проширува со уште неколку тимови.
Оваа локација за изградба на стадионот во градот беше обезбедена откако претходно пропаднаа обидите да се обезбеди локација за градба на пристаништето во Мајами и на местото на паркот-музеј, исто така на брегот на Мајами.
Новата локација е во урбана зона и граѓаните стравуваат дека нема да биде предвиден паркинг за сите посетители.
Изгледот на новиот стадион беше неодамна презентиран и е проектиран од фирмата која го работеше олимпискиот стадион во Лондон 2012.
Стадионот на новиот тим Мајами Бекам Јунајтед ќе има капацитет од 25.000 гледачи и се очекува да биде најубавиот стадион за фудбалски тим во САД за сезоната во 2021 година.
(O)Милена | Црнобело