RED BULL CLIFF DIVING / 2017 / PORTUGAL / AZORES ISLANDS - Дуке и Хименез ја разгореа борбата за титулата со победите на вулканскиот остров
- Детали
- вторник, 11 јули 2017
Легендарниот Колумбиец заедно со дебитантката од Мексико го измешаа поредокот со победите на најприродната локација од календарот за оваа сезона, сместена на Азорските острови во Атлантскиот океан, користејќи ја шансата кога шампионите на светската серија Red Bull Cliff Diving имаа лош ден.
САО МИГУЕЛ (Португалија),- Колумбиецот Орландо Дуле го врати времето назад со вџашувачка победа во Сао Мигуел, престигнувајќи ги своите помлади ривали за да го освои врвот на табелата по пауза од четири години. Стивен Лобуе од САД и „брилијантниот Британец“ Гери Хант се најдоа веднаш зад легендата на овој спорт. Скокајќи од природната површина на карпите Мексиканката Адријана Хименез се наметна во женска конкуренција благодарение на последниот спектакуларен скок кој што ја остави во водство пред Хелена Меретен од Австралија и Германката Ана Бадер.
Под блескавото сонце на португалскиот архипелаг, токму најискусниот спортист успеа да стигне до првиот победнички трофеј во Red Bull Cliff Diving по пауза од 27 настапи и на возраст од 42 години. Откако во 2016 година тој немаше ниту еден финиш на подиумот, на првиот настан од оваа година беше само 0,7 поени оддалечен од третото место во Ирска. Тука тој повторно изведе четири конзистентни нурнувања и го одбележа денот со највисокиот резултат од 346,50 поени. Шампионот од 2009 година го совлада Лобуе со мала разлика, но главно беше дека рекордниот победник на ова натпреварување, Гери Хант, се соочи со големи проблеми при овогодишните скокови од карпите откако славеше минатите две години, па сега по првите две серии се најде на последното место.
Со силен камбек од 27 метри височина, „брилијантниот Британец“ успеа да стигне до подиум и да остане водечки во генералниот пласман по две од предвидените шест натпреварувања. Со деветтата победа во Red Bull Cliff Diving сега Дуке е втор на табелата со само 20 бода помалку, додека Англичанецот Блејк Олдриџ е трет.
Мексиканката Хименез имаше скокови од 21 метар височина во кои сакаше да надомести за пропуштената шанса во Ирска кога мораше да се откаже. Таа е победничка на Светскиот куп на ФИНА и ги докажа своите вештини при скоковите од карпите и стигна до првата победа во 15 настапи, при што беше поздравена од речиси 1.000 гледачи кои се собраа на оваа локација.
Хелена Мертен од Австралија го обезбеди второто место на подиумот благодарение на навистина спектакуларната изведба на скоковите од карпите, што и овозможи првенствено да биде во водство се до последниот скок. Искусната Ана Бадер од Германија го заокружи пласманот на пиедесталот со солиден настап, кој што беше прв по нејзиното породилно отсуство.
На табелата во женска конкуренција води 25-годишната Ријана Ајфленд, која што мораше да се задоволи со скромното петто место бидејќи настапуваше повредена. Четвртата позиција и припадна на Џинџер Хубер која се најде зад победничкото трио предводено од Хименез.
Откако 22 спортисти прикажаа неверојатна форма во скоковите од карпите на единствениот ваков настан оваа година, како и од помошната платформа монтирана на вулканскиот архипелаг среде Атлантикот, натпреварувањето се сели во својот европски дом, во италијанското гратче Полињано а Маре, по само две седмици пауза.
ИЗЈАВИ ОД ПОБЕДНИЦИТЕ
Орландо Дуке, Колумбија
- Беше тешко последниве неколку сезони. Минатата година бев повреден, не бев на подиумот во ниедно натпреварување, а тоа е мошне тешко кога сакаш да направиш нешто повеќе. Оваа година почна океј, бев блиску и во Ирска, а тука почувствував дека имам шанса по првите две рунди. Се е можно во текот на натпреварот и тоа се покажа, Гери се искачи од последното на третото место, а можеше и јас од прв да бидам последен. Мора да дадеш се од себе и да се осигураш дека тоа ќе даде резултат, па на крајот среќен сум што со четири добри скокови стигнав до победата.
Адријана Хименез, Мексико
- Не можам да поверувам, толку сум среќна. Ова е големо изненадување за мене. Мора да и заблагодарам на Енџи, мојот психо-терапевт, бидејќи цело време ми помагаше додека бев повредена. По натпреварот во Ирска, кој не беше добар за мене, беше тешко да се вратам, да ги фокусирам моите мисли по малиот удар во водата, по искуствата во болница. Бев изгубена во еден скок, па беше тешко да се вратам во добра форма. Среќна сум и горда на себе бидејќи успеав.
Резултати (мажи): 1. Орландо Дуке (Колумбија) 346,50 поени, 2. Стивен Лобуе (САД) 342,45 поени, 3. Гери Хант (Велика Британија) 330,40 поени, 4. Џонатан Паредес (Мексико), 327,35, 5. Кајл Митрионе (САД) 323,50 поени, 6. Крис Коланус (Полска) 316,95 поени, 7. Блејк Олдриџ (Велика Британија) 298,15 поени, 8. Серхио Газмен (Мексико) 293,80 поени
Резултати (жени): 1. Адријана Хименез (Мексико) 303,50 поени, 2. Хелена Мертен (Австралија) 284,70 поени, 3. Ана Бадер (Германија) 281,90 поени, 4. Џинџер Хубер (САД) 279,40 поени, 5. Ријана Ајфленд (Австралија) 262,80 поени, 6. Џесика Меколи (Велика Британија) 258,30 поени, 7. Сесил Карлтон (САД) 256,50 поени, 8. Тара Хиер Тира (САД) 243,10 поени
Табела (мажи): 1. Гери Хант (Велика Британија) 330 бода, 2. Орландо Дуке (Колумбија) 310 бода, 3. Блејк Олдриџ (Велика Британија) 220 бода, 4. Стивен Лобуе (САД) 190 бода, 5. Џонатан Паредес (Мексико) 180 бода.
Табела (жени): 1. Ријана Ајфленд (Австралија) 290 бода, 2. Џинџер Хубер (САД) 270 бода, 3. Адријана Хименез (Мексико) 250 бода, 4. Хелена Мертен (Австралија) 230 бода, 5. Тара Хиер Тира (САД) 160 бода.