„Пат под нозе“: Дарко Јовановски е првиот Македонец што ќе вози болид во Австрија!

Летниот период е еден од шпицовите во сообраќајот кога голем број возачи посетуваат далечни дестинации, а голем број од нив се потпираат на „Ред Бул“ бидејќи го освежува телото и умот.

pat-pod-noze-darko-jovanovski-e-prviot-makedonec-sto-ke-vozi-bolid-vo-avstrija-1.jpg

Дополнително, во Македонија беше организирана и натпреварување во текот на јули и август, во која им беше овозможено на редовните потрошувачи да учествуваат во проектот „Пат под нозе“, каде што главната премија беше обезбедување незаборавно искуство и возење на болид од Формула 4 на патеката „Ред Бул Ринг“ во Австрија. Вкупно 764 играчи си ја пробаа среќата, а за најдобрите десетмина меѓу нив беше организирано картинг настан во Скопје.

Со цел да им се даде поголема шанса за фамилијаризација со патеката во Скопје, најпрво беа возени квалификации, по што најбрзите петмина влегоа во полуфинале. Од нив, во втората рунда беа избрани најбрзите тројца за финалето, каде што со минимална предност победи Дарко Јовановски од Скопје. Токму нему ќе му биде доверена неповторливата шанса да вози со болид од Формула 4 на патеката во Шпилберг.

- Животна желба ми е да возам трки и кога ги видов рекламите и наградата за возење болид од Формула 4, веднаш направив се за да учествувам во ова натпреварување и да стигнам што е можно поблиску до остварување на сонот. Играта која беше замислена како квалификации ми беше најтешкиот дел бидејќи не е возење, а од друга страна бараше голема умешност, а јас имав некаква трема. Кога успеав да се најдам меѓу десетте најдобри ми олесна, бидејќи знаев дека сега доаѓа полесниот дел од задачата за мене. На завршницата почнавме 10, потоа имавме полуфинале за 5 најбрзи и финале со тројца најбрзи. Во сите три ги имав најбрзите времиња и пресреќен сум што ќе ми се оствари желбата да седнам во вистински болид,- раскажува Дарко, кој има 25 години.

pat-pod-noze-darko-jovanovski-e-prviot-makedonec-sto-ke-vozi-bolid-vo-avstrija-2.jpg

Неговата страст за брзините датира од најмала возраст и го следи во текот на целиот живот, бидејќи се испробал во речиси сите достапни возила.

- Во картингот сум од малечок, почнав во Грција со перничиња под мене бидејќи не можев да ги достигнам командите. Во Скопје ги имам пробано сите патеки каде што се возеше картинг, а сега работам во Бугарија како програмер, па ги запознав и бугарските картинг патеки. Исто така настапував и на турнири каде што се возат симулатори, а на еден таков во Скопје го освоив првото место. Мислам дека на тој фронт фронт ќе успееме да покажеме подобри резултати како натпреварувачи од Македонија, бидејќи без сопствена тркачка патека не можеме да напредуваме во овој спорт. Сакам да искажам огромна благодарност кон Ред Бул за идејата и спроведувањето на акцијата, мислам дека направија нешто феноменално и ни донесоа искуство кое не може да се добие во Македонија. Се надевам дека ќе продолжат на овој начин да се развиваат во оваа насока и да им помогнат на младите талентирани возачи да стекнат одлични искуства,- рече победникот Дарко Јовановски.

Од него дознавме дека освен искуството во Шпилберг наскоро планира настап и на друго натпреварување кое ќе се одржи во Бугарија, исто така помогнато од Ред Бул.

- Сега таму се организираше слично натпреварување во повеќе градови насловено како „Red Bull Kart Fight“ и јас во Софија освоив трето место и се пласирав на завршницата. На патеката го имав најбрзото време, но заради изедначување на тежината на учесниците ми додадоа дополнително време и поради тоа бев трет. Финалето таму е на 15 септември во Варна заедно со балканскиот дрифт шампионат, па со нетрпение го очекувам и тоа искуство!

pat-pod-noze-darko-jovanovski-e-prviot-makedonec-sto-ke-vozi-bolid-vo-avstrija-3.jpg

Би можело да ве интересира:

Беше оженет за Плејбој модел и доби син, сега е во врска со друг маж – Бурниот љубовен живот на Ралф... „Останав три вечери со него, но тој не ме допре ниту со прст, не се ни бакнавме“...
Силувал 12 годишно девојче, бил 1 година во затвор – Најскандалозниот учесник на Олимпијадата во Пар... Откако беше осуден за силување, доби 4-годишна затворска казна, но помина само 1...
Хари Кејн има најромантична приказна меѓу фудбалерите: Со сопругата учел во основно, Бекам е „винове... Капитенот на англиската фудбалска репрезентација, Хари Кејн, ја има една од нају...
Италијанскиот пливач, кој освои злато, спие во парк: „Подобро таму, отколку без клима и на картонски... Хит видео и фотки од олимпиецот кој освои злато, а спие на трева во парк во Пари...
Директорот на млади категории на гигантот Пик Сегед во улога на тренер и предавач на кампот „40х20“ ... Еднодневниот бесплатен семинар, ќе се одржи за време на кампот во Охрид и истиот...
Браво! Бобан Илиоски е нов европски шампион во кик-бокс Македонецот Бобан Илиоски нè направи горди - ја освои титулата европски шампион ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg