Зошто ударот на топка со глава во фудбалот е штетен?
- Детали
- сабота, 18 август 2018
Ударот со глава е многу популарен во фудбалот, но колку повеќе научно се истражува, толку повеќе докази има дека може да предизивика трајни оштетувања на мозокот.
Всушност, сосема е неприродно да се пресретнува со глава нешто што лега со голема брзина. Многу лекари досега сакале да се ограничат ваквите удари во спортот, затоа што предизвикуваат повреди на мозокот, кои потоа резултираат со заболувања.
Постојат повеќе примери за поранешни фудбалери кои страдале од деменција на повозрасни години. Исто така, во 2004 починал поранешниот англиски репрезентативец од Вест Бром, Џеф Естл, како последица на трауми на мозокот предизвикани од многубројните удари во текот на кариерата.
Од она што го знаеме од часовите по биологија, мозокот плива во мозочна течност во нашата глава и секој удар го изместува од рамнотежа, предизвикувајќи му микрооштетувања, кои можат да покажат последици и многу години по настанатата повреда.
Е. Д. | Црнобело