Најк направи елече коешто го разладува Рафаел Надал за време на US Open
- Детали
- понеделник, 10 септември 2018
Лабораторијата за истражување на Најк креираше елече за разладување на телото на спортистите за помалку од пет минути, коешто познатиот тенисер Рафаел Надал го користеше во тренинг сесиите за време на овогодишниот US Open тениски турнир.
Елечето со патент има четири големи прегради, две од напред и две од назад, во коишто се сместуваат пакетчиња за разладување.
Овие пакетчиња брендот ги опишува како „способни да ја намалат телесната температура, некогаш дури иза само две до три минути“, слично како пакетчињата со гел што произведуваат ефект на ладење благодарејќи на хемиска реакција.
Надал и Марија Шарапова носеа прототипи од овие елечиња за втеме на тренинзите за US Open, којшто се одржува во Квинс во Њу Јорк.
Оваа година во градот беа измерени необично високи температури, дури 35 степени целзиусови, во комбинација со 50% влажност на воздухот, што беа идеални услови за тестирање на новиот дизајн за разладување.
Рафаел Надал изјави: „Сè што ќе помогне полесно да се справиме со оваа горештина е бенефит. Вообичаено користиме мокри крпи за да се разладиме, но ова елече ме разладува на оние места каде што ми е потребно“.
Тој додаде: „Секој дел од елечето е дизајниран размислувајќи за тенисерот“.
(О)Милена | Црнобело