Помодрени очи, исекотини на јазик - Македонски боксер покажува која е цената што ја плаќа по натпреварите (фото)
- Детали
- понеделник, 06 март 2023
„Ако не си подготвен на повреди, тогаш бори се со перници“ – напиша македонскиот професионален боксер Горјан Славески до вознемирувачките фотографии со кои ги покажува повредите со кои се здобил по борба. Погледнете која е цената што боксерите ја плаќаат по натпреварите.
Македонецот Горјан Славески е професионален боксер кој на Инстаграм е познат како Gogo Braveheart.
Тој е роден во Скопје, а живее во Чикаго и се занимава професионално со т.н. голорак бокс (без ракавици и заштитна опрема).
Тој и претходно се занимавал со бокс, а минатата година (2022) тој почна да се појавува на натпревари во т.н. голорак бокс (без ракавици), а во една прилика рече дека тоа е негов спорт, за кој бил создаден.
Горјан на социјалните мрежи редовно споделува фотографии од борбите и од себеси, а сега објави серијал фотки во кои покажува со какви повреди се здобил по борбите:
„Пред да блеснеш мора да ја платиш цената. Ако не си подготвен да прокрвавиш, тепај се со перници“ – напиша тој до фотографиите.
На некои од фотките се гледа дека Горјан има големи модринки околу очите по ударите што ги добил во носот, повреди на рацете, а се гледа и дека кожата му распукала на рацете од ударите што ги задавал.
Погледнете дел од фотографиите во продолжение (може да бидат вознемирувачки):
Б. С. Б. | Црнобело