„Тешко ни е еден без друг “ - Во какви односи се Меси и Роналдо?
Иако во јавност има само пофални зборови за Меси, некои биографи тврдат дека Кристијано користел погрдни зборови за Меси во приватниот живот, а италијанскиот новинар Лука Каиоли во неговата книга за Роналдо, тврди дека Португалецот избувнувал кога го гледал Меси како игра.
Меси исто така има само пофални зборови за Роналдо и вели дека тој е единствениот играч што му е рамен во однос на квалитетот што го поседува и тврди дека еден со друг се предизвикувале да бидат што е можно подобри.
Аргентинецот тврди дека во еден момент се чусвтвувал повредено од Кристијано, а тоа било во годината кога Роналдо ја добил петтата Златна топка и се изедначиле, пред Меси да успее да ја земе шестата две години потоа.
„Кога Кристијано ме стигна во бројот на Златни топки мора да признаам дека се чувствував повредено, затоа што повеќе не бев сам на врвот“ – вели Меси.
Говорејќи за нивниот меѓусебен однос во 2017-та година Меси рече:
„Не знам дали некогаш ќе бидеме пријатели. Пријателството се гради преку поминување време заедно и меѓусебно запознавање. Ние немаме некој однос, во главно затоа што се гледаме само на доделување награди и тоа се единствени прилики во кои разговараме.
Не ни се случува премногу често да ни се спојат животните патишта.“
Б. С. Б. | Црнобело