„Тешко ни е еден без друг “ - Во какви односи се Меси и Роналдо?
- Детали
- сабота, 24 декември 2022
„Се восхитувам на неговата кариера досега. Toj рече дека имал проблеми кога си заминав од шпанската лига затоа што немал доволно добар ривал“ – вака зборува Роналдо за Меси. Во какви односи се двајцата најдобри фудбалери на светот, кои важат и за најголеми ривали?
Не треба да сте големи познавачи на фудбалот за да знаете кои се Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Важат за двајцата најдобри фудбалери во моментов, а многумина се прашуваат во какви односи се тие двајца?
Како фудбалери кои играле во два „вечно спротивставени“ фудбалски клубови Реал Мадрид и Барселона, Кристијано Роналдо и Лионел Меси безбројпати се сретнале на теренот и играле еден против друг, а многумина се надеваа дека ќе имаме можност да ги гледаме во дуел за време на финалето во Катар.
Сепак, не се оствари сонот на Португалците, а Аргентина е светски првак.
Она што многумина ги интересира е во какви односи се двајцата фудбалери меѓу себе? Дали се пријатели или не?
Кристијано Роналдо помина осум сезони во ФК Реал Мадрид и во тој период безбројпати имал можност да игра против Меси, кој сѐ до оваа година играше за Барселона.
Минатата година Роналдо говореше за Меси во една прилика, па рече:
„Се восхитувам на неговата кариера досега. Што се однесува до него, тој веќе рече дека имал проблеми кога си заминав од шпанската лига затоа што немал доволно добар ривал. Добро е кога има ривалство во фудбалот и ова не е исклучок.
Мајкл Џордан имаше ривали во кошарката, Аиртон Сена и Алан Прост беа големи ривали во Формула 1. Единствената заедничка точка на сите тие ривалства во спортот е дека тие се здрави и добри.“
Кога го прашаа дали тој и Меси се пријатели, Роналдо кажа дека се познаваат затоа што заедно играле 15 години и дека имаат добри односи.
„Не сме биле на вечера заедно, но се надевам дека тоа ќе се промени во иднина. Имавме меѓусебна битка во Шпанија, јас го туркав да покаже што може и тој го правеше истото. Добро е што сум дел од таа историја нa фудбалот“ – рече Кристијано.