Бил оставен во манастир како бебе, добил страшна лузна на 2 години – Факти за фудбалерот Франк Рибери
Денес Франк Рибери е познат како „Човекот со лузна“ во фудбалот, а блескавата кариера ќе му донесе богатство од околу 70 милиони долари, според последните достапни податоци.
Во 2010-та година Франк беше вклучен во скандалот познат како Аферата Захиа, во која тој заедно со уште двајца фудбалери Карим Бензема и Сидну Гову беа фатени во француски бордел и имале односи со проститутката со мароканско потекло Захиа Дехар која била малолетна, а по 4 години, (во 2014-та) Рибери беше ослободен од сите обвиненија.
Во 2013-та година тој јавно излезе и тврдеше дека се чувствува ограбен од Кристијано Роналдо кој таа година ја доби „Златната топка“, иако Рибери таа година се најде на третото место зад Роналдо и Лајонел Меси.
На приватен план, интересно е да се напомене дека Рибери иако имал можност да биде со голем број модели и манекенки. Но, тој се оженил за скромната Вахиба која ја запознал уште кога бил тинејџер и која пораснала во истата населба како него. Тие двајца се заедно од 2001-ва година, а во 2004-та стапија во брак.
Вахиба е муслиманка со алжирско потекло, а се знае дека и Франк во 2002-ра година го прифатил исламот и го променил името во Билал. Парот заедно има пет деца (Сеиф ел Ислам, Ијза, Шахинез, Мохамед, Келтоум и Мари-Пјер).
Б. С. Б. | Црнобело