Ракометарот Дејан Манасков се огласи за првпат од болница, по операцијата
- Детали
- петок, 22 октомври 2021
За жал, Дејан Манасков ќе мора да направи подолга пауза од ракометот, но, за среќа, операцијата минала одлично и тој се чувствува добро.
На почетокот од месецот осамна информацијата дека Дејан Манасков доживеал повреда.
Од неговиот клуб Веспрем од Унгарија открија дека му настрадале предните вкрстени лигаменти, плус страничните вкрстени лигаменти и ‘рскавицата и дека ракометарот ќе мора на операција и на долга пауза.
За среќа, операцијата мина добро и Манасков се огласи од болница:
„Операцијата мина добро, се чувствувам одлично. Ви благодарам на сите пораки од изминатите две седмици. Забавниот дел може да започне. Се гледаме наскоро, ве сакам сите.“
https://www.instagram.com/p/CVVOKAjIck4/
И неговиот клуб Веспрем објави фотки од него во болница и му посакаа брзо закрепнување.
Истото му го посакуваме и ние!
С. С. | Црнобело