Си го оствари сонот да освои олимписки медал – Теквондистот Дејан Георгиевски влезе во финале
- Детали
- вторник, 27 јули 2021
Македонскиот теквондист Дејан Георгиевски се пласираше во финалето на Олимписките игри во Токио во категоријата над 80 килограми.
За пласман во финалето, Георгиевски денес (27.07) во 9:45 часот се бореше во полуфиналето против Ин Кјо Дон од Јужна Кореја.
Во првото коло Георгиевски го совлада актуелниот светски првак Рафаел Јуниер Алба Кастилјо со 11:8, а потоа во четвртфиналето беше подобар од репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Сајду Гбане, со 9:4. Во денешното полуфинале, тој го победи противникот од Јужна Кореја со 12:6.
22-годишниот Георгиевски е европски вицешампион во теквондо, во 2018-тата година го доби сребрениот медал на Европското сениорско првенство во теквондо во олимписки категории кое се одржа во Сараево, БиХ.
Тој има изјавено дека целта му е да освои олимписки медал и се надева дека еден ден ќе успее во тоа, а сега си го оствари сонот.
https://www.facebook.com/572268069580568/photos/a.572587669548608/1123060934501276/
Б. С. Б. | Црнобело