Емотивен момент: Како Меси од терен покажа дека сопругата и децата му се на прво место? (видео)
- Детали
- вторник, 13 јули 2021
Светски познатиот фудбалер Лионел Меси по победата на аргентинската репрезентација веднаш ѝ се јави на сопругата, а видеото од нивниот разговор почна веднаш да се шири на социјалните мрежи.
Додека кај нас очите на јавноста беа свртени кон Еуро 2020, во Јужна Америка се играше уште еден мошне важен турнир, каде главна ѕвезда беше Лионел Меси.
Аргентина во неделата за првпат победи на „Копа Америка“ по 1993-тата година, а радоста на напаѓачот беше видлива и од емотивниот разговор помеѓу него и неговата сопруга.
Веднаш по завршувањето на натпреварот Меси ѝ се јавил на сопругата Антонела Рокузо и се гледа како веднаш ѝ го покажува освоениот медал.
🤩🔟📱🥇#CopaAmérica#VibraElContinente#VibraOContinente pic.twitter.com/Av4B3knLms
-->— CONMEBOL Copa América™️ (@CopaAmerica) July 11, 2021
Антонела исто така сподели и видео на Инстаграм од нивните три сина, Тијаго, Матео и Чиро како пеат победничка песна по победата. Ова е само уште еден доказ за тоа дека семејството е мошне важно и е главна поддршка за познатиот аргентински фудбалер.
Инаку семејството на Меси во моментов живее во Барселона, а оттаму го бодреа нивниот татко за време на Купот во Јужна Америка.
За уникатната љубовна приказна на Антоанела Рокузо и Лионел Меси често се пишува затоа што таа и фудбалерот се познаваат уште од 5-6-годишна возраст.
Аргентинскиот спортист, кој се смета за еден од најдобрите фудбалери на својата генерација е во брак со Антоанела од 2017 година и имаат три деца, од кои две ги добија пред да стапат во брак.
Антоанела често објавува фотографии на својот Инстаграм профил, како од нивните три сина, така и од неа и Меси кога биле помлади.
Проследете повеќе семејни фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело