„Мојата најголема поддршка“: Горан Пандев со децата - многу љубов во една фотка
- Детали
- среда, 16 јуни 2021
Утре (17.06) цела Македонија во еден здив ќе навива за него и за нашата фудбалска репрезентација, но најсилно и најжестoко ќе навиваат тие - неговото семејство, неговото богатство, неговата најголема поддршка.
Нашата легенда Горан Пандев со една фотографија откри кој е неговата најголема поддршка како на Европското првенство, така и секогаш.
Тој објави фотографија со синот и ќерката и напиша „Мојата најголема поддршка“. На фотографијата не е само неговата најмала ќеркичка.
Нашиот фудбалски ас покрај тоа што е спортска легенда е и навистина посветен татко и сопруг.
Тон љубов на една фотка:
Фото извор: Инстаграм стори Горан Пандев
Прочитајте и Прекрасна сопруга и три дечиња: Запознајте го семејството на легендарниот Горан Пандев (фото)
С. С. | Црнобело