„Пораки и повици само за полувреме“ – дечко ѝ испратил листа со правила на девојката за време на Европско

Девојка од Англија добила писмо од нејзиното момче, со правила и услови за време на Европско – од забрана за повици, па сè до предупредувања дека ќе си дојде дома поднапиен.

poraki-i-povici-samo-za-poluvreme-momche-ispratilo-lista-so-pravila-na-devojkata-za-vreme-na-evropsko-01.jpg

Џорџија Холмс од Англија сподели видео на ТикТок на кое открива дека нејзиното ѝ напишало писмо со правила за време на Европското фудбалско првенство. Момчето обрнало внимание на сите детали, па дури и го вметнало логото на првенството во писмото.

poraki-i-povici-samo-za-poluvreme-momche-ispratilo-lista-so-pravila-na-devojkata-za-vreme-na-evropsko-02.jpg

Девојката го објавил видеото со опис:

„Не може да бидам единствената која добива писмо од дечкото пред почетокот на Европско викендов“.

Во видеото Џорџија го покажува писмото од нејзиното момче Џоел Смит, кое е испечатено на голем лист, и тоа од двете страни.

„Здраво Џорџија, ти го пишувам овој мејл со правила и услови за претстојното Европско првенство кое ќе се одржува од петок 11-ти јуни, до недела 11-ти јули. Сега ќе ги ти набројам правилата и условите“, почнува писмото на Џоел.

poraki-i-povici-samo-za-poluvreme-momche-ispratilo-lista-so-pravila-na-devojkata-za-vreme-na-evropsko-03.jpg

Правилата што ги набројал дечкото се следните:

„За време на сите натпревари со Англија кои ќе се емитуваат во живо на телевизија, нема интеракција преку мобилен телефон, освен ако не ти се јавам за да ти кажам дека си одам дома.

Ќе минувам многу време во паб во овој период и барам да нема пораки од стилот „Кога ќе си дојдеш“ или „Уште колку ќе се задржиш“.

Нема пораки и телефонски повици за време на натпревар освен ако не е полувреме, бидејќи целото мое внимание мора да биде насочено кон играта. Ѕвони ми само ако е нешто итно.

Во зависност од резултатите, не се чувствувај лошо за моето расположение бидејќи нема да биде ништо поради тебе.

Имај на ум дека за време на одредени игри, како Англија vs. Шкотска, ќе бидам многу гневен.

Ќе се враќам дома откако ќе завршуваат натпреварите (најверојатно поднапиен).

Ќе ти пишувам само за полувреме, крајот на натпреварот или продолженија.

Ќе немаме никаков контакт за време на пенали ако се случи нешто такво.

Не заборавај дека те сакам и ти сè уште си ми главниот приоритет и за време на Европско.

Ако сметаш дека сум испуштил нешто или имаш некој други предлози, можеш да ми се јавиш или да организираш средба во живо кога ти одговара. Ти благодарам“.

poraki-i-povici-samo-za-poluvreme-momche-ispratilo-lista-so-pravila-na-devojkata-za-vreme-na-evropsko03.jpg

Иако девојката на крајот кажува пцост за Џоел, во описот на видеото кое е прегледано над 45.000 пати пишува:

„Морав да се насмеам“.

@georgiaholmes.x

I had to laugh , what on earth?? #euros #fyp #boyfriend #football

♬ Afterglow - Wilkinson & Becky Hill

Според коментарите, и оние кои го изгледале сметаат дека е смешно:

„Леле се смеам на цел глас!“

„Зошто е ова толку смешно“.

„Се изненадив што и јас не добив вакво“.

„Ова е слатко“.

Дали можеби и вие добивте некој сличен правилник од вашиот сакан?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Беше оженет за Плејбој модел и доби син, сега е во врска со друг маж – Бурниот љубовен живот на Ралф... „Останав три вечери со него, но тој не ме допре ниту со прст, не се ни бакнавме“...
Италијанскиот пливач, кој освои злато, спие во парк: „Подобро таму, отколку без клима и на картонски... Хит видео и фотки од олимпиецот кој освои злато, а спие на трева во парк во Пари...
Како ќе изгледа Мбапе до крајот на Европско? – Фудбалерот се шегува на своја сметка, откако се повре... „Имате идеја за маски?“ – се пошегува Килијан Мбапе откако имаше повреда на носо...
Надал емотивно објави дека ќе се пензионира: „Им благодарам на моите ривали, ќе ги памтам засекогаш“ „Тука сум да ви кажам дека ќе се пензионирам од професионалниот тенис. Им благод...
На 16 години стана најмлад голгетер на Европско, си носи книги на првенството за да учи: Кој е Ламин... Ламин Јамал денес полни 17 години (роден е на 13 јули), а утревечер (14.07) со ш...
Се откажа од фудбалот поради неиздржливи болки, дома беше претепан и ограбен: Животот на Роберто Баџ... Од моментот кога престана да биде професионален фудбалер, Роберто Баџо веќе не с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg