Кристијан Ериксен со селфи од болница се огласи како се чувствува, по страшниот колапс на Европско
- Детали
- вторник, 15 јуни 2021
Светот се молеше во еден здив за него, а сега Кристијан Ериксен, данската фудбалска ѕвезда, со порака за благодарност до луѓето од целиот свет директно од болница.
Данскиот фудбалер за кои сите луѓе на светот се сплотија и се молеа да се разбуди откако колабираше на теренот на Европското првенство во фудбал, сега се чувствува добро.
Кристијан Ериксен објави селфи од болница на кое со насмевка на лицето вели дека е во ред.
Во описот данскиот фудбалер напиша:
Здраво на сите,
Огромно благодарам за слатките и прекрасни поздрави и пораки од целиот свет. Тоа на мене и на моето семејство ни значи многу.
Се чувствувам добро, со оглед на околностите. Сѐ уште мора да минам низ некои испитувања во болница, но се чувствувам океј.
Сега, ќе навивам за момците од тимот на Данска во наредните натпревари. Играјте за цела Данска!
Селфито на шармантниот Ериксен: