Вознемирувачки сцени: Кристијан Ериксен (29) колабираше на теренот на Европско и се бори за живот
- Детали
- сабота, 12 јуни 2021
Во 42-та минута од натпреварот помеѓу Данска и Финска, 29-годишниот фудбалер ненадејно колабираше, a соиграчите со солзи во очите беа во исчекување додека медицинските лица се бореа за неговиот живот.
За време на натпреварот на Данска и Финска на Европското првенство во Копенхаген, пред крајот на првото полувреме, ѕвездата на Данска, Кристијан Ериксен неочекувано колабираше на теренот.
Само момент пред да ја прими топката, фудбалерот колабираше и падна на земја, по што играчите веднаш ги алармираа медицинските екипи.
Лекарите повеќе од 10 минути се обидуваа да го вратат во живот, а неговите соиграчи го опколија фудбалерот за да ја сокријат страшната сцена од очите на јавноста.
Со солзи во очи, во шок и неверување, навивачите аплаудираа на трибините со надеж дека тој ќе се врати во живот, а лекарите го интубираа фудбалерот и со носилка го изнесоа од теренот.
Натпреварот беше прекинат заради трагичниот момент, а според УЕФА, фудбалерот е пренесен во болница и стабилизиран. Дополнителни информации за неговата состојба сè уште нема.
Following the medical emergency involving Denmark’s player Christian Eriksen, a crisis meeting has taken place with both teams and match officials and further information will be communicated at 19:45 CET.
— UEFA (@UEFA) June 12, 2021
The player has been transferred to the hospital and has been stabilised.
Вознемирувачко видео од моментот:
This is what happened to Erikson 🙏🏾🙏🏾🙏🏾🙏🏾 get well soon pic.twitter.com/ymxKr5UKWg
— Teejay 💨 (@dcarterhq) June 12, 2021
М. М. | Црнобело