Златното момче на Србија, Никола Јокиќ, докажа дека и Балканците владеат на теренот (фото)
- Детали
- петок, 18 јуни 2021
НБА сè уште важи за најдоброто кошаркарско натпреварување на планетата, но Американците не се единствените кои владеат на теренот.
Во последните 3 сезони, токму Европејците ја освојуваат MVP наградата за најкорисен играч на сезоната. Минатите две сезони таа чест му припадна на Јанис Антетокумпо, играч со нигериски корени и грчки пасош.
Оваа година како што ни е добро познато, таа титула му припадна на српскиот кошаркар Никола Јокиќ. Сосема заслужено, затоа што тој апсолутно блескаше во тимот на Денвер Нагетс.
Според ESPN, ова е историско достигнување, бидејќи тој е првиот центар што го добил ова признание во последните 20 години.
Во 2000 година, Шекил О’Нил беше последниот центар што ја освои наградата. Никола Јокиќ е впрочем само шестиот интернационален играч кој се закитил со ова признание.
Покрај ова, Јокиќ е првиот играч во историјата на НБА лигата што е избран во второто коло на драфтот и последователно стигна до индивидуална награда.
Иако неговиот тим не успеа да се пласира во трката за шампионскиот прстен оваа сезона, Јокиќ изјави дека никогаш не ни замислувал дека ќе биде дел од НБА лигата и им се заблагодари на своите соиграчи бидејќи без нив наградата би била невозможна.
Никола Јокиќ има само 26 години и е роден во Сомбор, Србија.
Во моментот има остварено заработка од 30 милиони долари кои со оглед на неговото темпо очигледно ќе се триплицираат бидејќи според многумина му претстои блескава спортска кариера.
(О)Милена | Црнобело