Светот ја запозна кога го оживуваа нејзиното момче – Која е Сабрина, девојката на Кристијан Ериксен?
- Детали
- понеделник, 14 јуни 2021
Кога нејзиното момче Кристијан Ериксен колабираше на натпреварот помеѓу Данска и Финска, Сабрина мислела дека тој е мртов, а играчите се обидувале да ја убедат дека тој уште дише. 28-годишната фризерка има две деца со Ериксен, ја цени својата приватност, па за неа знаеме малку нешта.
Иако, за среќа, сè заврши добро, јавноста уште долго ќе го помни натпреварот помеѓу Данска и Финска на Европско, кога 29-годишниот Кристијан Ериксен колабираше на теренот.
Медицинските лица веднаш му укажаа помош на младиот фудбалер, а на потресниот настан сведочеше и неговата партнерка Сабрина која беше присутна во публиката.
28-годишната Сабрина, која има и две деца со Ериксен, во неизвесните мигови била убедена дека нејзиниот партнер починал.
Според данскиот голман Питер Шмајхел, играчите на Данска безуспешно се убедувале да ја утешат и да ѝ кажат дека Ериксен сепак е жив.
„Тоа беа најлошите два часа во мојата историја со фудбалот. Апсолутно никаква информација. Можевме да видиме дека беше многу сериозно, ја гледавме реакцијата на играчите. Настанот се случи во непосредна близина на местата каде што седеа сопругите на играчите и, нормално, сопругата на Кристијан го виде тоа, па дојде на теренот“, вели голманот за BBC Radio Five Live.
Тогаш неговиот син Каспер, кој беше еден од данските играчи, дотрчал да ѝ каже дека Ериксен е жив.
„Дојде за да ѝ каже дека Кристијан дише, таа навистина веруваше дека починал“, вели голманот.
Иако Кристијан Ериксен е доста популарен во светот на фудбалот, тој ја цени својата приватност, и тоа толку добро, што јавноста уште не знае дали Сабрина му е сопруга или само девојка.
Но се чини нивниот статус не е воопшто важен – парот е заедно од 2012 година, се познаваат уште подолго, а имаат и две деца. Наводно, тие се знаеле уште од тинејџерските години, но ја почнаа врската дури во 2012-та.
Сабрина потекнува од Данска и е фризерка, а моментално со Ериксен и нивните деца живеат во Италија, бидејќи фудбалерот игра за Интер.
Околу една година откако ја почнаа врската, Ериксен се пресели во Лондон, но Сабрина остана во Данска за да добие сертификат за фризерка. Потоа и таа му се придружи на Ериксен, а почнала да работи во продавница за облека. Во 2016-та, тие купија и куќа во Англија.
Тој период фудбалерот изјави дека не им било лесно да се привикнат на новиот живот.
„Мора да научите да се справувате физички и ментално, но можам да ги издржам притисокот и барањата бидејќи живеам за мојата работа. Но, за девојка ми е тешко. Се разбира, би сакал да излезам во град со неа и пријателите, но обично немам време“.
Во 2017-та Ериксен и Сабрина најавија дека го очекуваат првото дете, кое се роди во јуни 2018-та. Минатата година, парот доби уште едно детенце.
Слично како Ериксен, и Сабрина не споделува детали од приватниот живот. Таа не користи Твитер, а профилот на Инстаграм ѝ е приватен. Па, сè што слушаме и гледаме за неа е благодарение на објавите на Ериксен.
Спирова С. | Црнобело