Новак Ѓоковиќ дисквалификуван од US Open – удри линиски судија со тениско топче (фото+видео)
- Детали
- понеделник, 07 септември 2020
Светскиот првак Новак Ѓоковиќ беше дисквалификуван од US Open, откако му дозволи на гневот да го надвладее.
Во неделата, познатиот тенисер гневно удри тениско топче, кое, пак, удри еден линиски судија во грлото. Додека 33-годишниот тенисер очигледно не планираше да ја удри жената на оваа функција, правилата се јасни, па тој мораше да биде исклучен од натпреварот.
Кога му ги соопштиле вестите на тенисерот, се слушало како тој моли да се преземе нешто друго, но сето тоа било залудно. Набрзо потоа, Новак го напушти стадионот, без да се појави на прес-конференцијата и да каже нешто за целиот настан - потег со кој разгневи многу фанови.
Неколку часа подоцна, тенисерот се огласи на Instagram:
„Целата ситуација ме направи тажен и празен. Ја проверив жената и ми кажаа дека, фала Богу, е во ред.
Многу ми е жал што ѝ предизвикав таков стрес. Толку ненамерно. Толку погрешно. Не го кажувам нејзиното име бидејќи ја почитувам нејзината приватноста. А, за дисквалификацијата, треба да се вратам и да работам на разочарувањето и сето ова да го претворам во лекција.
Се извинувам на US Open турнирот и секој кој страдал од моето однесување. Многу сум благодарен за мојот тим и моето семејство кои ми се поддршка, и моите фанови кои секогаш биле овде за мене. Ви благодарам и се извинувам“.
Сè до синоќа тенисерот немаше изгубено во 2020-та.
На Twitter, пак, се појавија неколку видеа од моментот кога Новак ја удира судијката, а фановите воглавно го критикуваат однесувањето на тенисерот.
https://twitter.com/sportingintel/status/1302701666458894341
https://twitter.com/barstoolbets/status/1302703107722412035
Спирова С. | Црнобело