RED BULL CLIFF DIVING 2016 - Зајдисонце на возбудливата сезона, ноќно финале во Дубаи!
- Детали
- петок, 28 октомври 2016
Светската серија Red Bull Cliff Diving се подготвува за промени на претстојното натпреварување кое за прв пат во историјата ќе се одржи навечер, и тоа во Дубаи на 28 октомври, а притоа ќе се одлучува прашањето на титулата во женска конкуренција.
Дубаи (Обединети Арапски Емирати) – Кога дебитантка со „вајлд карта“ се бори за титулата, а најискусниот спортист е два пати повозрасен од најмладиот, дефинитивно е време за ново поглавје. Најдолгата сезона на светската серија доаѓа до крајот и тоа со првото натпреварување што се одржува во ноќни услови. Среде сликовитата сцена на Дубаи Марина ќе бидат крунисани двајца светски шампиони, а трофејот на Кралот Кахекили за најдобра во женска конкуренција и се „насмевнува“ на Ријана Ајфленд од Австралија која би можела да стане првата дебитантка што го освоила. За разлика од ова, кај мажите нема да има големо значење на поените од последните скокови сезонава бидејќи Англичанецот Гери Хант на претходното натпреварување во Јапонија ја „капариса“ рекордната шеста титула, иако оваа сезона на подиумот се искачија дури пет различни победници што е најмногу досега.
Во пресрет на овој настан кој ќе биде 59 во историјата на натпреварувањето, највозрасниот спортист Орландо Дуке од Колумбија и најмладата учесничка во светската серија, Хелена Мертен од Австралија, имаа традиционално појавување на местото на настанот, за да го почувствуваат Дубаи со сите сетила: мало крстарење низ марината, покрај Кулата на Принцезата која што е највисока зграда за живеење во светот, а на зајдисонце изведоа и неколку скокови од платформата каде што ќе се одржи големото финале на 28 октомври.
Иако „брилијантниот Британец“ Хант ја обезбеди титулата која го заокружува неговиот втор „хет трик“ (првиот од 2010 до 2012, вториот од 2014 до 2016), се чини дека годините во кои тој доминираше во спортот се минато бидејќи во осмата сезона на натпреварувањето имаше најмногу различни победници. Петмина скокачи на осум натпреварувања се најдоа на листата, вклучувајќи и две нови лица (кои досега немаа победа): ветеранот Михал Навратил од Чешка и дебитантот од Мексико Серхио Газмен. Дали младиот Мексиканец ќе успее да врзе две победи во низа во Дубаи или невообичаените предизвици на ноќното натпреварување ќе им бидат од корист на поискусните натпреварувачи?
Џонатан Паредес, уште еден скокач од Мексико кој е познат по безгрешното изведување на полесните скокови од 27 метарската платформа, која е поставена три пати повисоко отколку на Олимписките игри, ќе настојува да го задржи второто место во генералниот пласман, со што би го подобрил ланскиот пласман меѓу најдобрите тројца за 2015 година. Нему „зад петиците“ му е Михал Навратил кој за прв пат по 2011 година се бори за пласман меѓу најдобрите тројца. Само најдобрите пет во генералниот пласман за 2016 година ќе имаат автоматско квалификување за идната година, додека уште пет места ќе бидат познати откако ќе се направи табела која ќе ги вклучува и натпреварувањата од Светскиот куп на ФИНА и Мармитинг.
Кој и да биде победник во женска конкуренција, тоа ќе значи ново име: досегашната двократна победничка на Светската серија, Американката Рејчел Симпсон, во моментов е на седмото место во генералниот пласман и ќе се бори за квалификација во 2017 година, но ќе мора да ја препушти титулата на друг. Беспоштедната борба продолжува меѓу изненадувањето на сезоната, Австралијанката Ријана Ајфленд, која што со победата на последното натпреварување во Јапонија ја зголеми предноста во однос на Канаѓанката Лизен Ричард за која што оваа 2016 година претставуваше целосен развој. Остануваат уште три скока од платформата поставена на 20 метри височина за да го добиеме новиот шампион, токму на полноќ по локално време.
Натпреварувањето ќе биде емитувано во 19.50 минути по средноевропско време на Red Bull TV.