Моментот кога тркачка отскокна само за да го добие златото во Рио
- Детали
- вторник, 16 август 2016
Спортското клише, „сакам да бидам најдобра“, ако да прозбори како внатрешен глас во 22-годишната бахамска тркачка, која се закити со злато во Рио откако реши да скокне до самиот финиш.
Милер која беше веднаш зад американската натпреварувачка, Алисон Феликс, во трката на 400 метри се одлучи за луд потег и отскокна до самиот крај за да го освои златото.
До самиот крај беа изденачени, но Милер беше подготвена да направи нешто повеќе.
И победи, легално.
Набрзо се отвори дебата околу тоа дали случајно падна или намерно отскокна за да го освои златниот медал.
Во секој случај, модринките и раните, сигурно воопшто не и пречат, златото е покрај неа.
Н. Г. | Црнобело