Синчето на Мајкл Фелпс, олимпискиот рекордер, го освои срцето на публиката (фото)
- Детали
- петок, 12 август 2016
Американскиот пливач Мајкл Фелпс може да нареди 21 златен медал на своите полици, освоени на Олимписките игри досега, со што се изедначи со најуспешниот спортист од античките олимписки игри, Леонидас од Родос.
Доколку Фелпс успее да победи на 200 метри мешано, ќе го надмине рекордот на Леонидас и многу веројатно е дека ќе поминат нови 2.000 години за да биде подобрен неговиот рекорд.
Но, додека Мајкл ја испишува спортската историја во категоријата пливање, неговиот најголем обожавател го бодри во првите редови.
3-месечниот Бумер Фелпс дотеран во патриотски мотиви, седнат во скутот на мајка си Никол Џонсон, му даде дополнителна мотивација на тато.
Ретко кој не успеа да се стопи од нежноста и бакнежите помеѓу гордиот татко и синчето.
Phelps & Boomer Phelps ???????? pic.twitter.com/9jMmiRRMYn
-->— lietchka (@lietchka) August 10, 2016
(О)Милена | Црнобело