Новата акција стартува под мостот во Будимпешта!

Авионските трки од светската серија Red Bull Air Race се враќаат по деветти пат во Будимпешта, Унгарија, а единственото нешто пофасцинантно од гледањето на авионите како пролетуваат под познатиот мост „Ланчид“ ќе биде дуелот на пилотите за пресуднатапредност и освојување на победа. Во сезоната каде што предвидувањата се покажаа како бесмислени, 14 пилоти се подеднакво самоуверени – и загрижени – заради сознанието дека секој од нив може да победи. Еен поранешен унгарски пилот ќе следи внимателно што ќе се случува кога пилотите ќе се вивнат кон небото во седумдесеттата трка од Red Bull Air Race.

novata-akcija-startuva-pod-mostot-vo-budimpesta-01.jpg

Будимпешта (УНГАРИЈА) – Толку близу, што го одзема здивот! Без оглед дали тоа се тркачките авиони кои се стискаат под фамозниот мост на само два или три метри над Дунав, или пак, делчињата од секундата кои ја делат победата од поразот, акцијата ќе биде доволна за секому да му запре срцето. Четвртата станица од 2016 година ја означува и критичната средина на сезоната, а сепак ниеден од 14-те водечки светски пилоти не успеал да покаже вистинска доминација на небото. Всушност, ако погледнеме наназад, досега имаше шест различни победници на претходните осум трки. Време е некој да ја преземе контролата. Но кој?

Ако продолжи најновиот тренд, тоа ќе биде тим кој не победил никогаш досега. На претходната станица во Чиба, Јапонија, домашниот пилот Јошихиде Муроја ја освои својата прва победа. На трката пред неа, во Шпилберг, Австрија, Германецот Матијас Долдерер ја освои својата прва победа. Со овие два триумфа, сите четири пилоти кои дебитираа во „Класата од 2009“ покажаа што можат, но има уште еден напаѓач кој чека на крилјата од својот авион: Мартин Шонка од Република Чешка. Шонка освои четири подиуми од своето деби на трките во 2010 година – меѓу кои и второто место пред само неколку недели во Чиба – а пропушташепласмани на подиумот во 2015 година за многу мала разлика. Бидејќи Будимпешта му е најблиска трка до неговата татковина, поддршката од навивачите може конечно да го подигне до врвот, како што тоа се случи со Муроја и Долдерер.

Ниеден пилот нема да биде понетрпелив да го воспостави „природниот“ ред на нештата повеќе од Австриецот Ханс Арх. Светскиот шампион од 2008 година е најодликуваниот натпреварувач од групата учесници и завршува на подиумот во последните пет сезони, но мора да си го пробие патот до врвот на поредокот, откако ја започна сезоната со поразувачка казна на првата трка во годинешнава сезона. Арх веќе има две победи во Будимпешта – можеби третиот пат ќе му биде среќен за да му ги зголеми шансите во борбата за трофеј. Двајцата искусни Американци исто така ќе гледаат да ја остварат својата цел: Мајкл Гулијан, кој ги прекина победите на Арх во унгарската престолнина со својот триумф, и Кирби Чемблис, итриот двократен освојувач на титулата кој го искористи хаосот на почетокот од сезоната за да се пробие на второто место од поредокот, 10 поени зад Долдерер кој е на врвот.

novata-akcija-startuva-pod-mostot-vo-budimpesta-2.jpg

Историската седумдесетта трка на Red Bull Air Race ќе биде понепредвидлива од кога и да е, но никој нема да ужива во трката повеќеод Питер Бешењи. Популарниот домашен унгарски пилот победи на првата трка, и ја освои титулата во првата сезона во 2003 година, и беше поттикнувачка сила во развојот на спортот пред да се повлече од светскиот шампионат во 2015 година. Тој ќе биде меѓу илјадниците гледачи наредени од двете страни на реката Дунав.

Истото се однесува и за директорот на трката Стив Џонс, кој исто така уживаше во својот триумф во Будимпешта во 2006 година: „Победата таму беше еден од најубавите моменти во мојата тркачка кариера. Секогаш ќе се сеќавам на пролетувањето под мостор и непосредно покрај зградата на парламентот. Тоа едноставно не се опишува.“

Билетите за сите трки, меѓу кои и оваа во Будимпешта на 16-17 јули, веќе се продаваат и тоа брзо.

Би можело да ве интересира:

Беше оженет за Плејбој модел и доби син, сега е во врска со друг маж – Бурниот љубовен живот на Ралф... „Останав три вечери со него, но тој не ме допре ниту со прст, не се ни бакнавме“...
Италијанскиот пливач, кој освои злато, спие во парк: „Подобро таму, отколку без клима и на картонски... Хит видео и фотки од олимпиецот кој освои злато, а спие на трева во парк во Пари...
„Дајте му улога во Џон Вик“ - Хит мемиња од олимпиецот кој без опрема, со рака во џеб освои сребро в... Турскиот натпреварувач во стрелање со пиштол на 10 метри освои сребро на Олимпис...
„Македонско девојче“ ечи во Париз: Јокиќ пее качен на стол, српските кошаркари ја славеа бронзата (в... Кулминацијата на прославата беше кога најдобриот играч на НБА, Никола Јокиќ, се ...
Хари Кејн има најромантична приказна меѓу фудбалерите: Со сопругата учел во основно, Бекам е „винове... Капитенот на англиската фудбалска репрезентација, Хари Кејн, ја има една од нају...
Петар Заборски од „Макпетрол” освои бронза на светската карате лига во Атина Каратистот на „Макпетрол“, Петар Заборски, се закити со бронзено одличје на турн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg