Кој е верниот фан кој танцуваше со Ноле на Us Open? (видео)
- Детали
- петок, 04 септември 2015
Сигурно знаете за кој човек зборуваме - оној кој танцуваше заедно со Новак Ѓоковиќ на US Open и му облече маичка „го сакам Њујорк.“ Истиот човек може да се сретне на повеќе мечови на кои игра Новак во последните неколку години, па оттаму прашањето - кој е тој?
Неговото име е Камерон Хјус и овој 44-годишен човек не е верен фан само на Ѓоковиќ, туку и на други спортисти. Негова голема љубов, покрај тенисот, е и хокејот, а може да го видите и на бејзбол натпревари.
Постои и шпекулација дека до 22 август 2012-та година бил платен да се појави и да навива во 36 земји, на 1.010 натпревари.
Камерон исто така наводно бил платен да оди на Барбадос и да се обиде да ја анимира публиката.
Ако се свртиме повеќе кон неговите тениски гостувања на трибините, ќе заклучиме дека ова не му е прва забава на тенискиот терен. Пред Ѓоковиќ, тој на ист начин ги анимирал и забавувал Родик и Надал.