Зошто цел свет го сака Новак Ѓоковиќ? Најголем шоумен на сите времиња!
- Детали
- четврток, 05 јуни 2014
Иако тој е еден од најдобрите тенисери на сите времиња, не дозволува тоа да му се сведе само на работа, тренинзи и одрекувања. Затоа, често се одлучува да изведе и некој краток настап, нешто интересно и забавно на тениските терени.
На тој начин ја забавува и публиката и гледачите, а видеата кои се шират се екстремно популарни и покажуваат зошто е еден од најомилените.
Пред неколку дена сите ги воодушеви кога изведе мал стриптиз на теренот, откако некој од публиката го праша кога ќе ја пресоблече маицата?
Покрај тоа, не треба да се заборави видеото кое има над 8 милиони прегледи, кога Новак го повикува момчето кое му го држи чадорот, да седне до него и да се напијат сок. Нема посреќно дете во тој момент!
Пред две години на турнирот во Париз се појави со маска на познатиот негативец Дарт Вејдер од филмот „Војна на ѕвездите“.
Иако Вимблдон се смета за најстар и најсериозен турнир, Ѓоковиќ и таму успеа да ја насмее публиката, вадејќи палка за голф со која сакаше да го игра мечот.
Соблекувалната вообичаено е место каде што тенисерите се опуштаат и се подготвуваат за мечот, но не и Ѓоковиќ.
Покрај тениската кариера, Новак може да се занимава и со манекенство, а тоа го докажа и на ревијата за долна облека, каде го привлече вниманието на сите.
Новинарите исто така го сакаат но, одвреме - навреме, тој сака да се пошегува и со нив.
Многупати има покажано дека е одличен танцувач.
Покрај врвната тениска способност, Ѓоковиќ е познат и по талентот за имитирање на своите колеги. Меѓу нив омилени му се Надал и Марија Шарапова.
И додека неговите колеги снимаат реклами за Ролекс, видеата на Ѓоковиќ се многу позабавни и погледани.
За крај, потсетете сее на неговите почетоци кога на Ролан Гарос ги покажа и своите пејачки способности.