Лемб го освои азискиот припек во тропската Малезија
- Детали
- понеделник, 19 мај 2014
Британецот Најџел Лемб го изненади Ханс Арх во возбудливото финале на трката од Red Bull Air Race светското првенство одржана во тропската запурнина на Путраџаја, стигнувајќи до емоционалната прва победа во кариерата. Австралискиот пилот Мат Хол го освои третото место во првата трка одржана на азискиот континент од оваа најбрза светска серија во мотоспортот.
ПУТРАЏАЈА (Малезија) - И покрај тоа, Арх го презема водството во генералниот пласман со 30 поени по три трки од осумте предвидени за годинешново светско првенство, при што ќе се посетат седум земји на три континенти. Боном кој ја прекина низата од 15 подиум финиши во низа, сега е втор во генералниот пласман со 25 бода, а Лемб се искачи на третото место со 17 поени.
Лемб, кој останува мошне популарен во Малезија бидејќи пет години во низа патуваше низ тропската земја како демонстратор пилот, на локалните навивачи кои го следеа од брегот на езерото Путраџаја им покажа кличничка изведба на одлично летање под облаците исполнети со влага. Необесхрабрен од температурите кои беа високо над 30 степени, Лемб ја зачува присебноста летајќи прв од последните четири пилоти на патеката со ниска височина и го запреч часовникот на 1:15.023 што беше најбрзо време на денот. Хол му се доближи на 1:15.691, а Арх дојде уште поблиску на 1:15.597.
- Никогаш не помислив дека ќе ги почувствувам овие емоции,- рече Лемб борејќи се со солзите, откако претходно пет пат беше второпласиран во вкупно 43 настапи во седумгодишната кариера. - Чувството е величенствено! По седум години и сите подеми и падови, сега се исплатеше.
Канаѓанецот Пит МекЛиод беше последниот што настапи во „Final Four“ во трката, но неговиот ден заврши со фрустрации, бидејќи на стартот влезе со поголема брзина од дозволените 370 километри на час, па беше дисквалификуван.
Резултати: 1. Најџел Лемб (Англија), 2. Ханс Арх (Австрија), 3. Мат Хол (Австралија), 4. Пит Меклиод (Канада), 5. Пол Боном (Англија), 6. Мартин Сонка (Чешка), 7. Петер Бешењи (Унгарија), 8. Матијас Долдерер (Германија), 9. Кирби Чемблис (САД), 10. Јошихиде Муроја (Јапонија), 11. Николас Иваноф (Франција), 12. Мајкл Гулијан (САД).
Табела: 1. Арх (30 поени), 2. Боном (25), 3. Лемб (17), 4. Меклиод (17), 5. Хол (14), 6. Сонка (8), 7. Муроја (7), 8. Иваноф (5), 9. Долдерер (4), 10. Бешењи (2).