Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Претседателот на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски дел од конгресот на УЕФА кој се одржува во Дубровник

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски е дел од конгресот на УЕФА се одржува во Дубровник, а на кои присуствуваат претставници од речиси сите европски федерации.

pretsedatelot-na-ffm-ilco-gjorgjioski-del-od-kongresot-na-uefa-koj-se-odrzuva-vo-dubrovnik-1

Потврдата на апликацијата на земјите кандидати за организација на Европското првенство во 2020 година е главната точка за која ќе расправа Извршниот комитет на УЕФА во хотелот Дубровник Палас во Хрватска. Уште во декември 2012 година, УЕФА реши дека европското првенство во фудбал во 2020 година, наместо како досега во една или две земји, ќе се одржува во 13 различни земји и истото да биде во духот на европското единство и обединување. Подготовките за европското првенство во Франција во 2016 година, финансискиот фер плеј, лиценцирањето на клубовите, како и намалувањето на трошоците на националните лиги се останатите теми на кои ќе се дискутира на овој конгрес.

Вчера беше одигран ревијален фудбалски натпревар на претседателите на фудбалските федерации. Илчо Ѓорѓиоски беше во тимот заедно со претседателот на УЕФА, Мишел Платини, а натпреварот заврши нерешено 5:5. По два гола за црвениот тим дадоа Давор Шукер и Илчо Ѓорѓиоски, а еден Дејан Савичевиќ.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) до УЕФА испрати кандидатура Националната арена „Филип Втори“ во Скопје да биде еден од домаќините на ЕП кое во 2020 година треба да се одржи во 13 градови низ Европа. Стадионот „Филип Втори“ има капацитет од 33.000 гледачи и е кандидат за еден од двата градови со стадиони од минимум 30.000 гледачи, како што предвидуваат условите на организаторот УЕФА. Само два градови домаќини може да имаат стадиони со капацитет од минимум 30.000 гледачи, каде ќе се организираат мечеви од првата групна фаза. Со ова УЕФА им дава шанса и на помалите федерации-членки да учествуваат во кандидатурата за домаќини на Евро 2020. Останатите кандидати мора да имаат стадиони од над 50.000.

Интересот меѓу земјите е голем како и лобирањето. Ова секако претставува уникатна можност и помали федерации како нашата да бидат дел од едно европско првенство во фудбал, прилика што ретко се укажува. Би биле среќни доколку Скопје биде избрано! Тоа дополнително би придонело до популаризација на фудбалот во Македонија, до мотив повеќе за младите уште повеќе да го сакаат фудбалот, а за гледачите ретка можност да гледаат врвна фудбалска претстава, изјави Илчо Ѓорѓиоски, председател на Фудбалската федерација на Македонија.

pretsedatelot-na-ffm-ilco-gjorgjioski-del-od-kongresot-na-uefa-koj-se-odrzuva-vo-dubrovnik-2

Целосната листа на кандидатите, кои неофицијално ги има 24, ќе се знае на 20 септември. Тие конкурираат за 13 градови домаќини на Евро 2020. Според она што е засега неофицијално познато кандидати со стадиони од над 30.000 гледачи се оној во Минск, кој треба да се надгради и да има 33.000 гледачи, стадионот во Базел (38.000), стадионот „Васил Левски“ во Софија (43.000), Естади Kорнела – Ел Плат во Барселона (40.500) и стадионот Паркен во Kопенхаген (38.000). Еден од условите е и градот домаќин да има најмалку еден аеродром со два терминала, или уште подобро два аеродрома. Постојат и многу други услови кои ги бара УЕФА од кандидатите, а се однесуваат на патната инфраструктура, опременоста на стадионите и друго.

Целосната официјална листа на конкурентите на Скопје ќе се знае на 25 септември, велат во Фудбалската федерација на Македонија, а официјално кои градови ќе бидат домаќини на ЕП 2020 година  ќе биде познато дури наредната година.

Би можело да ве интересира:

Најзгодната хрватска навивачка гневна пред почетокот на Европско: „Видете за што плаќам по 650 евра ... „Собите се стари, греењето не работи…“ Најпознатата хрватска и светска навивачка...
Македонската фаланга го обои Вараждин во црвено-жолто - „Бисер балкански“ ечи на СП во ракомет 2025 ... Нашата фан-зона е преплавена со стотици Македонци, се пееја „Бисер балканск...
Леќи во боја на фудбалски топки, фолклор – Најлудите маски на Европското првенство во фудбал 2024 Навивач на Белгија со маска со помфрит, Албанците со националните бои, а Италија...
Директорот на млади категории на гигантот Пик Сегед во улога на тренер и предавач на кампот „40х20“ ... Еднодневниот бесплатен семинар, ќе се одржи за време на кампот во Охрид и истиот...
Браво! Македонка се закити со бронзен медал на Светското првенство во бодибилдинг во Токио „Покрај сите животни предизвици, повреда на рамото и тоа што годинава ми беше не...
Даниела Алексовска е ЕВРОПСКИ ШАМПИОН во ММА! Македонија слави уште еден историски успех! По освоениот сребрен медал на Европс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg