Со пенисот ја турна пречката, па доби понуда од порно сајт – Кој е олимпиецот Антони Амирати?
- Детали
- среда, 07 август 2024
Во слободно време работи како резервист во полицијата, а веќе откри кои му се плановите кога ќе се пензионира. Што знаеме за францускиот атлетичар кому порно сајт му понуди половина милион долари за 60-минутно видео, откако со пенисот ја турна летвичката на Олимпијадата?
Францускиот атлетичар Антони Амирати (21) стана топ тема на социјалните мрежи и во сите светски таблоиди откако не успеа да влезе во финале, затоа што со пенисот ја турна летвичката.
Видеото на кое се гледа несреќниот момент, кога половиот орган буквално го спречи на патот кон успехот, вирално се споделуваше на сите социјални мрежи, а сите слатко се насмеаја на неговата несреќа.
Anthony Ammirati failed the bar and the commentators are clearly having a hard time acknowledging what happened 😂 HELP I'M DYING pic.twitter.com/5hOHttVA5g
— Gladys Wotching (@Glodyswotcher) August 3, 2024
Тој даде изјава за медиумите по настанот, па рече:
„Ова е големо разочарување. По малку сум вознемирен, бидејќи не пропуштив ништо во третиот обид за скок на 5.70m. Она што го промашив е малку поголем скок за време на тренинзите за добро да ги подредам условите“.
Но, иако тој не успеа да се пласира во финалето, според светските таблоиди наскоро би можел да започне нова кариера, доколку е расположен.
Порно сајтот CamSoda понуди да му плати на Амирати 250.000 долари за да биде дел од нивните видеа, откако неговата снимка од Олимпијадата вирално се прошири на сите социјални мрежи.
„Кога би можел, јас би те наградил за талентот што го поседуваш под појасот.
Како вљубеник на активностите што се сконцентрирани на органите во меѓуножјето, би сакал да ти понудам до 250.000 долари во замена за 60-минутно шоу на кое ќе се гледа тоа што го поседуваш, без летвичката се разбира“ – му порача Дарин Паркер од веб страната, во изјава за таблоидот TMZ.
Засега Амирати не се огласил за непристојниот предлог, но според многумина, Французинот нема намера во блиска иднина да ја менува кариерата.
Што знаеме за Антони Амирати?
Францускиот атлетичар во една пригода откри дека почнал да се занимава со скок во височина затоа што го инспирирала некоја девојка која веќе се занимавала со спортот.
„Ја видов како скокна и апсолутно сакав да се обидам да го направам истото“ – изјавил тој.
Освен што се занимава со атлетика, Амирати е резервист во француската полиција.
„Отсекогаш сум ја сакал полицијата. Имам голем број пријатели кои работат во тој сектор. Сакам редот да се почитува и да им помагам на другите“ – вели Амирати.
Во една пригода изјави дека по завршувањето на спортската кариера планира да се вработи целосно во полицијата.
Самиот нагласи дека додека работи како резервист, веќе размислува да го полага испитот за да стане редовен член на полициските сили во неговата земја.
Прочитајте и Италијанскиот пливач, кој освои злато, спие во парк: „Подобро таму, отколку без клима и на картонски кревет“
Б. С. Б. | Црнобело