Каратистите на „Макпетрол” добитници на два спортски оскари

Агенцијата за млади и спорт на свечена церемонија ги избра најдобрите спортисти во Македонија за 2023 година. Каратистите на „Макпетрол“ и годинава се добитници на две вредни признанија. Спортските оскари ги освоија Витомир Трајковски, како и Универзитетскиот карате-тим составен од пет спортисти-сениори кои што се членови на скопскиот клуб.

karatistite-na-makpetrol-dobitnici-na-dva-sportski-oskari-02.jpg

Витомир Трајковски годинава на Светските игри во Ријад, Саудиска Арабија во конкуренција на првите Топ 8 спортисти од светската ранг-листа стана светски бронзен медалист. Тој освои бронзен медал од официјално европско првенство во Коња, Турција за помлади сениори (У21), стана и Балкански првак во Тирана за 2023 исто во конкуренција на (У21). Годинава Трајковски е бронзен медалист од светската 1 Премиер карате лига А серија во Атина. Со ова добиено признание Витомир Трајковски е избран за најдобар спортист во младинска конкуренција за 2023 година.

karatistite-na-makpetrol-dobitnici-na-dva-sportski-oskari-01.jpg

Универзитетскиот карате тим е прогласен е за најдобар во универзитетскиот спорт. На европските игри на боречки спортови во Загреб тимот го освои златниот медал и стана европски првак. Карате тимот кој е европски првак во својот состав има пет членови од карате клубот „Макпетрол“.

Петар Заборски изјави дека овој тим е најдобар во историјата на универзитетскиот спорт на Македонија бидејќи ја одбрани титулата на европски првак која ја освои минатата година на европската универзијада во Лоѓ, Полска во конкуренција на 20 спорта од 40 држави. За овој тим, капитенот, покрај двата златни медали од европски универзијади, посочи дека има освоено и сребрен медал од европската универзијада во Загреб и сребрен медал од светските игри на боречки спортови во Самсун, Турција. За тимот настапија: Петар Заборски, Петар Спасеновски, Витомир Трајковски, Стефан Стојановиќ од „Макпетрол“, Димитар Илиевски од „Ботони“ и Глигор Хаџикимов од карате клубот „Штип“.

Би можело да ве интересира:

Каратистите на „Макпетрол“ на Светската младинска карате-лига освоија сребро и две седми места Сребрен медал и два пласмани на седмо место се резултатите што каратистите на „М...
Петар Заборски од „Макпетрол” освои бронза на светската карате лига во Атина Каратистот на „Макпетрол“, Петар Заборски, се закити со бронзено одличје на турн...
Златни момци! Нашите кошаркари до 18 години се европски шампиони - 8 натпревари без пораз во Скопје Горди сме на нашите момци - кошаркарите до 18 години го освоија првото злато на ...
Италијанскиот пливач, кој освои злато, спие во парк: „Подобро таму, отколку без клима и на картонски... Хит видео и фотки од олимпиецот кој освои злато, а спие на трева во парк во Пари...
Каратистите на „Макпетрол“ учествуваа на светската премиер лига во Ларнака Симона Заборска од карате клубот „Макпетрол“ се пласира на седмата позиција на т...
Браво! Бобан Илиоски е нов европски шампион во кик-бокс Македонецот Бобан Илиоски нè направи горди - ја освои титулата европски шампион ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg