Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Спортско мавање со снег

sportsko-mavanje-so-sneg-povekjeДодека ние го чекаме првиот снег што како и секоја година сигурно ќе ги изненади надлежните служби, вредните Јапонци веќе го освојуваат...


...светот со нивните натпревари во мавање со снежни топки.

sportsko-mavanje-so-sneg-1

Значи она што сите го правевме како деца и за што секогаш добивавме прекор од возрасните минувачи, во Јапонија се прифати како спорт. Оригиналното име е Yukigassen што во превод е токму „Борба со снежни топки“.

sportsko-mavanje-so-sneg-2

„Утакмицата“ ја играат два тима од по седум играчи на терен со 40 метри должина и 10 метри ширина, со правила стандардизирани од Јапонската јукигасен федерација.

Натпреварот е поделен на три третини од по три минути активна игра со по 1 минута пауза меѓу нив, а секој тим добива по 90 топки за секоја третина. Целта е да се добие противничкото знаменце. За фер и безбедна игра снежните топки се прават со машина.

sportsko-mavanje-so-sneg-3

Топките не смее да се дофрлаат до играчи од ист тим, но може да се дотркалаат по земја или да се дадат рака на рака. Играч кој е погоден од снежна топка излегува од игра, па како дел од одбраната се користат коцки-скривници направени од снег.

sportsko-mavanje-so-sneg-4

Освен истекот на времето една третина може да заврши и поради излегување од игра на сите играчи од еден тим, освојување на туѓото знаменце пред време или вадење на сопственото знаменце, снежната верзија на автогол :)

sportsko-mavanje-so-sneg-5

По 20 години играње во Јапонија овој забавен спорт си најде место и на други континенти, со по некој натпревар во сончевата Австралија(!) и во студената и секогаш расположена за зимски игри Канада. Тие го прифатија со коментар дека по природа јукигасен е канадски во секој поглед.

Таму се подготвуваат и за национален шампионат каде ќе се одредат победниците во машка и женска конкуренција кои потоа со снежни топки ќе ги бранат боите на својата земја на Светското првенство во Јапонија. А штом некој чуден спорт станува популарен, ете ги и Американците да го прифатат.

Нацијата која со потсмев гледа на фудбалот спортува снежни борби во дваесетина сојузни држави!

sportsko-mavanje-so-sneg-7

Не знаеме за вас, но ние уште се трудиме ова да го прифатиме како спорт :)

Па што мислите, ќе се игра ли јукигасен во Македонија?

З.П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонско девојче: Илина Соколовска освои злато во Бундеслига Македонското девојче Илина Соколовска повторно постигна неверојатен успех! На ст...
Браво! Македонка се закити со бронзен медал на Светското првенство во бодибилдинг во Токио „Покрај сите животни предизвици, повреда на рамото и тоа што годинава ми беше не...
Италијанскиот пливач, кој освои злато, спие во парк: „Подобро таму, отколку без клима и на картонски... Хит видео и фотки од олимпиецот кој освои злато, а спие на трева во парк во Пари...
Знамето го кренаа наопаку, настап на Селин Дион – Највпечатливите мигови од отворањето на Летните Ол... По неколкучасовниот перформанс, публиката можеше да го види враќањето на сцена н...
Каратистите на „Макпетрол“ се подготвуваат за претстојното Европско Првенство Македонските карате-репрезентативци, членови на „Макпетрол“, моментно се на едно...
Беше оженет за Плејбој модел и доби син, сега е во врска со друг маж – Бурниот љубовен живот на Ралф... „Останав три вечери со него, но тој не ме допре ниту со прст, не се ни бакнавме“...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg