Kаратистите на „Макпетрол“ освоија шест медали на Балканското првенство во Тирана

На сениорското балканско карате првенство, што во Тирана се одржа од 22 до 24 септември, членовите на карате клуб „Макпетрол“ се закитија со четири сребрени и две бронзени медали. Како дел од македонската репрезентација, Викторија Јовановска од скопски „Макпетрол“ се закити со сребрен медал. Таа е вицешампион во категоријата под 61 килограм. Петар Заборски (-75 кг.), пак, освои бронзен медал.

karatistite-na-makpetrol-osvoija-sest-medali-na-balkanskoto-prvenstvo-vo-tirana-02.JPG

karatistite-na-makpetrol-osvoija-sest-medali-na-balkanskoto-prvenstvo-vo-tirana-04.jpg

- На ова најсилно регионално првенство земаа учество 11 држави, а од нашиот клуб замина сениорскиот состав. Задоволни сме од постигнатото иако имаме квалитет и можности за многу поголеми резултатски постигнувања. Освоивме вкупно шест медали, од кои две во поединечна конкуренција, а четири во екипна, односно со тимовите во борби. Најдобар успех во поединечните настапи постигна Викторија Јовановска (-61 кг.) која влезе во финалето и освои сребрен медал, како и Петар Заборски (-75 кг.) , кој се закити со бронза - изјави тренерот на „Макпетрол“, Бошко Заборски.

karatistite-na-makpetrol-osvoija-sest-medali-na-balkanskoto-prvenstvo-vo-tirana-01.JPG

Тирана беше домаќин на Балканското првенство за сениори, а во рамки на турнирот имаше и ревијален дел за ветерани. Освен во борби, се одржаа и натпреварувања во кати. На шампионатот учествуваа по четири најдобри спортисти во секоја категорија од 11 земји, со пријавени вкупно 311 спортисти.

karatistite-na-makpetrol-osvoija-sest-medali-na-balkanskoto-prvenstvo-vo-tirana-05.jpg

Освојувачи на медали во Тирана од „Макпетрол“ во индивидуална конкуренција во борби се Викторија Јовановска (сребро, -61 кг.) и Петар Заборски (бронза, -75 кг.). Петар Спасеновски, Витомир Трајковски и Стефан Стојановиќ беа дел од македонската карате-селекција што освои сребрен трофеј во екипна конкуренција кај мажите, додека со бронза се закити Ангела Мојсовска, која беше во женскиот тим. На турнирот учествуваа и Јована Мицовска и Данило Божовиќ.

karatistite-na-makpetrol-osvoija-sest-medali-na-balkanskoto-prvenstvo-vo-tirana-03.JPG

Би можело да ве интересира:

Најзгодната хрватска навивачка гневна пред почетокот на Европско: „Видете за што плаќам по 650 евра ... „Собите се стари, греењето не работи…“ Најпознатата хрватска и светска навивачка...
Леќи во боја на фудбалски топки, фолклор – Најлудите маски на Европското првенство во фудбал 2024 Навивач на Белгија со маска со помфрит, Албанците со националните бои, а Италија...
Каратистите на „Макпетрол“ учествуваа на светската премиер лига во Ларнака Симона Заборска од карате клубот „Макпетрол“ се пласира на седмата позиција на т...
Секоја чест! Македонката Катерина Ацевска е европска вицешампионка во џиу-џицу Македонија има убави вести за славење, нашата Катерина Ацевска го освои сребрени...
Бронза за Стојановиќ од „Макпетрол“ на Светскиот младински карате-шампионат Стефан Стојановиќ, член на карате клубот „Макпетрол“, се закити со бронзен медал...
Каратистите на „Макпетрол“ на Светската младинска карате-лига освоија сребро и две седми места Сребрен медал и два пласмани на седмо место се резултатите што каратистите на „М...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg