Исхрана со кафе и бистра супа, озонска терапија во ректумот - Гвинет Палтроу критикувана заради бизарните совети за здрав живот
- Детали
- вторник, 21 март 2023
„Ова е изгладнување и затоа таа е коски и кожа... Супата од коски не е храна“ – велат дел од твитерџиите за бизарната изјава на Гвинет Палтроу која тврди дека се одржува во топ форма, така што консумира само кафе и бистра супа, а дека вбризгувањето озон во ректумот ѝ помага да се справи со инфекциите.
Актерката Гвинет Палтроу (50) гостуваше во еден поткаст, каде говореше за своите здрави животни навики што ѝ помагаат да остане во топ форма, а нејзината изјава предизвика реакции на социјалните мрежи.
Кога домаќинот на поткастот Вил Кол ja праша како вообичаено изгледа нејзиниот режим на исхрана, таа одговори:
„Вечераме рано. Постам со прекини. Обично јадам нешто околу 12 часот, а наутро консумирам само производи што нема да ми го зголемат нивото на шеќери во крвта, па затоа пијам кафе.
Но, многу сакам да јадам супа за ручек. Во поголемиот број денови ручам супа од коски.
Потоа се обидувам еден час да бидам физички активна, да прошетам, да вежбам пилатес. Потоа правам суво четкање и влегувам на инфрацрвена сауна на 30 минути.
За вечера јадам според палео диета, значи многу зеленчук. Навистина ми е важно да правам детокс“ – рече таа.
@dearmedia #gwynethpaltrow shares her daily wellness routine on The Art Of Being Well, listen now 🎧 #wellnessroutine #healthandwellness #healthylifestyle #routines #goop #podcastclips
-->♬ Aesthetic - Tollan Kim
Сепак, нејзината изјава звучеше малку бизарно и голем број од оние што го изгледаа видеото, коментираат дека актерката се обидува пореметувањето во исхраната да го „продаде“ како здрав начин на живот.
https://twitter.com/layla_job/status/1635716534201876497
Освен тоа, таа беше критикувана и затоа што призна дека користела озонска терапија на задникот.
Како што појасни, во рамки на процедурата преку катетер, гасот се спроведува до дебелото црево со цел да се намалат болките и воспаленијата во телото, да се зголеми енергијата, да се подобри метаболизмот и циркулацијата.
https://twitter.com/thehouseofpod/status/1635639570158219264
Откако голем број твитерџии ја обвинија дека со ова поддржува уништување на планетата Земја и дека промовира мошне опасен третман, таа се огласи на Инстаграм Стори, па појасни дека веќе две години има ковид, па сето тоа што го прави има за цел да ѝ помогне да се справи со болеста.
Без разлика на нејзините објаснувања, на социјалните мрежи не стивнуваат критиките против неа.
Б. С. Б. | Црнобело