Блек Чајна објави видеа од вадењето на имплантите во задникот и градите: „Траеше 8 часа, имав многу силикон – цела сум со завои“
- Детали
- вторник, 14 март 2023
„Нормално мојата процедура требаше да трае околу 4 часа, но траеше повеќе од 8 и пол часа. Силконот од задникот постојано ја затнуваше машината“ – бившата на Роб Кардашијан одлучи да сврти нова страница во животот. Го затвори профилот што го имаше на сајт за возрасни и ги извади имплантите.
Блек Чајна на јавноста ѝ е попозната како поранешна девојка на Роб Кардашијан и мајка на неговата ќерка Дрим (6), а таа водеше долга судска битка против Ким, Клои и Кајли.
Таа деновиве на својот Инстаграм профил објави неколку видеа во кои информира дека решила да ги извади имплантите од задникот и од градите.
Откако пред само неколку дена информира дека планира да го избрише профилот на веб страната за возрасни OnlyFans заради ќерката Дрим (6) и синот Каиро (10) кого го доби од врската со раперот Тајга, Блек Чајна сега најави дека ќе направи други крупни промени на себеси.
Ги скрати ноктите, ги извади и силиконите од градите и од задникот, а редовно им се обраќаше на своите следбеници на социјалните мрежи додека траеше процедурата за вадење на имплантите.
„Само сакам сите жени да знаат – немојте да ставате силикони затоа што можете да се разболите, можете да умрете или да имате компликации и други проблеми.
Ја поминав таа фаза. Бев таму го направив тоа. Ја предавам штафетата на помладите дами“ – рече таа.
Таа рече дека сака сите да бидат сведоци на тоа како таа го менува животот, а во описот до објавата се потпиша со нејзиното вистинско име Анџела Вајт, наместо да го користи уметничкото име по коешто е позната.
Во последното видео, имаме можност да ја видиме како лежи во затеменета соба со завои на градите и околу половината и информира дека процедурата е завршена.
„Мора да признаам дека сум многу среќна. Сега заздравувам, еве цела сум со завои.
Тоа што ги извадив имплантите од градите е една од најдобрите одлуки што сум ги донела после многу долго време. Исто така, ми го намалија и задникот.
Нормално мојата процедура требаше да трае околу 4 часа, но траеше повеќе од 8 и пол часа. Силконот од задникот постојано ја затнуваше машината и процедурата беше со прекини“ – појасни таа.
Погледнете ги нејзините видеа во продолжение, кликнете на стрелката во објавата за да ги видите продолженијата:
https://www.instagram.com/p/Cpua4hlr8MK/?utm_source=ig_web_copy_link
Б. С. Б. | Црнобело