Го остави свршеникот и го промени имиџот: Меган Фокс сама и среќна на забавата по Оскарите (фото)
- Детали
- вторник, 14 март 2023
„Јас сум Меган Фокс, можеби не ме препознавате заради косата“ – рече актерката во изјава пред забавата. Холивудската актерка се појави сама на Vanity Fair забавата по Оскарите, без свршеникот и без прстенот. Очигледно терапијата за двојки не им помогнала да ја спасат врската, а актерката сака да сврти нова страница во животот.
Холивудската актерка Меган Фокс (36) беше забележана сама на Vanity Fair забавата во неделата, а забележително е дека не го носеше ниту вереничкиот прстен од Машин Ган Кели.
Меган се појави во црна тоалета со смело деколте, а на забавата беше фотографирана со Били Ајлиш, како и со други познати гости.
Дополнително, забележително е дека актерката направила промени во својот изглед, па овојпат се појави со бакарно црвена боја на косата, а во изјава за медиумите рече:
„Јас сум Меган Фокс. Но, можеби нема да ме препознаете заради бојата на косата.“
Меган во изминатиот период го привлекуваше интересот заради проблемите во врската со нејзиниот свршеник Машин Ган Кели.
Иако во минатото зборуваше дека тој е нејзина сродна душа и дека бил создаден само за неа, па секаде беа постојано заедно, очигледно е дека односите меѓу нив се заладени.
Минатиот месец Меган објави малку загадочна порака на Инстаграм, а потоа ги избриша сите фотографии од профилот, по што почнаа шпекулациите дека парот најверојатно става крај на врската.
Дел од странските медиуми пишуваа дека иако Меган го извадила свршеничкиот прстен, сепак тие не ја откажале свршувачката, а повикувајќи се на извори блиски до парот, Page Six пишуваше дека Меган и Машин Ган Кели секојдневно следат терапија за парови, со цел да го подобрат меѓусебниот однос.
За потсетување, Меган и Машин Ган Кели беа во врска една година пред да се свршат во 2022-ра година, а ова е прв официјален настан каде актерката имаме можност да ја видиме за првпат сама, без свршеникот.
Б. С. Б. | Црнобело