Меган Фокс со нови детали за врската со Машин Ган Кели: „Јас сум потчинета, на полна Месечина имаме ритуали со пиење крв“
- Детали
- среда, 27 април 2022
На доделувањето на VMA наградите минатата година Меган Фокс својот свршеник јавно го нарече ‘тато’ и со тоа ги започна шпекулациите дека таа и Машин Ган Кели се во BDSM врска, во која таа е потчинета. Сега за првпат отворено проговори за тоа.
Меган Фокс и Машин Ган Кели во последните две години се едни од најактуелните познати парови. Кон крајот на минатата година Машин Ган Кели клекна на колено и ја побара за жена, а таа во ексклузивно интервју за Glamour UK откри повеќе нови детали за нивната врска.
Меган за себеси вели дека отворено ги поддржува феминистите, но се соочува со проблеми поради природата на врската со нејзиното момче, која честопати наидува на осуда.
Иако претходно можеше само да се претпостави, Меган сега отворено призна дека таа и Машин Ган Кели преферираат одреден начин на однос, познат како BDSM, во кој еден од партнерите е потчинет, а другиот ја има апсолутната моќ.
Честопати ваквите врски подразбираат садизам и мазохизам, врзување, камшикување на потчинетиот и сл.
Според неа, на движењето #MeToo од 2017-та година треба да му се направи ревизија, затоа што голем број жени се oтфрлени заради различни причини.
„Се чини дека мора да пополните одредени услови и да ги следите сите нивни правила. Навистина е бизарно што ме осудуваат заради тоа што сум во BDSM врска. Да, во таква врска сум и треба да ги прашам дали тоа е во ред? Затоа што јас сакам таква врска.
Затоа не треба да бидам отфрлена од феминистичката заедница, затоа што тоа е мој избор. Јас чувствувам сексуалната моќ на тој начин. Ме означуваа како голема феминистка, сѐ додека не собрав храброст јавно да го наречам дечко ми ‘тато’. Многу луѓе се налутија заради тоа“ – појаснува Меган.
Меган тука алудираше на доделувањето на MTV наградите што се одржа во септември минатата година, а каде таа рече дека нејзиното момче ѝ рекло да го носи голиот фустан од Mugler, а таа му рекла: „Како ќе кажеш, тато!“.
По запросувањето минатата година, Меган откри дека тие прославиле со пиење крв. Во интервјуто Меган појасни што значи пиењето крв во нивната врска, зошто и како тоа го прават.
„Претпоставувам дека луѓето си мислат дека ние пиеме по цели чаши со сопствената крв како во Game of Thrones, но не е така. Станува збор само за по неколку капки и тоа го правиме само за ритуални цели“ – вели таа.
Прочитајте и Машин Ган Кели ја запроси Меган Фокс со дијамантски прстен со посебно значење - прославиле со пиење крв (видео)
Познато е дека Меган е мошне сконцентрирана кон окултното – таа самата признава дека редовно следи астрологија и тарот карти, сака метафизички сеанси и медитации, а пиењето крв е дел од нејзините ритуали за време на млада и полна Месечина.
Инаку BDSM врските станаа мошне популарни по објавувањето на романот „50 нијанси сива“, а ако во минатото ваквите врски беа табу тема, се чини дека по романот и филмовите кои беа апсолутни хитови, денес многу поотворено се говори за таквата динамика во романтичните врски.
Прочитајте и Се прободел со нож за да ја импресионира, таа го вика ’тато‘ – Бизарната врска на Машин Ган Кели и Меган Фокс
Интервјуто на Меган беше проследено и со ексклузивна фото-сесија, поегледнете ги фотографиите:
Б. С. Б. | Црнобело