Србинката Нина Сеничар во смел аутфит до сопругот кој беше прогласен за еден од најубавите мажи на Оскари 2023 (фото)
- Детали
- вторник, 14 март 2023
„Таа е нереално убава жена“ – стои во дел од коментарите на Инстаграм до фотографиите од Србинката Нина Сеничар и нејзиниот сопруг Џеј Елис од Оскари 2023.
Меѓу големиот број познати актери што се појавија на доделувањето на Оскарите 2023 беше и Србинката Нина Сеничар (37), која е во брак со актерот Џеј Елис (41) кој игра во филмот Top Gun: Maverick.
Во црн костим од Fendi со детали од мониста Џеј Елис се најде на листата на најзгодни мажи што се појавија на црвениот тепих на Оскари 2023.
Тој го промени аутфитот за забавата што следуваше подоцна, а и неговата сопруга Нина Сеничар мамеше воздишки.
Српската водителка и модел, која е со потекло од Нови Сад, присуствуваше на Vanity Fair забавата по доделувањето на наградите, каде продефилираа голем број познати личности и ѕвезди, а нејзините фотографии се објавени во голем број од светските и балканските медиуми.
Нина на себеси носеше лелеав светло зелен фустан со длабок отсечок од кој се гледаа нејзините гради и папокот, но и извајаните стомачни мускули.
Инаку, Нина и Џеј стапија во брак во јули минатата година, на свадбена церемонија во Италија, а тие двајца заедно ја имаат ќерката Нора (3).
Погледнете уште неколку фотографии од Нина и Џеј во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело