Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Возачи 01-10-2024


Кожа, тул и 140 дијаманти – Ријана во впечатливи аутфити го покажа трудничкото стомаче и украде воздишки на Оскари 2023 (фото+видео)

„Таа е кралица на црвениот тепих“ – коментираат дел од твитерџиите што ја видоа Ријана како во смел кожен фустан зачекори на црвениот тепих на Оскари 2023 и промени неколку храбри аутфити. Пејачката и во втората бременост нема намера да го крие трудничкото стомаче и гордо настапи на сцената во аутфит со 140 дијаманти.

kozha-tul-i-140-dijamanti-rijana-i-bremena-uspea-da-gi-ukrade-vozdishkite-na-oskari-2023-foto-video-01.jpg

Неколку моменти го одбележаа овогодинешното доделување на Оскарите. Емотивниот говор на Џон Траволта, но и настапите на Лејди Гага и Ријана се некои од моментите за кои најмногу се зборува.

Уште во првата бременост Ријана рече дека нема намера да носи трудничка облека, а сега на Оскари 2023 се појави во неколку различни аутфити со кои успеа да го украде вниманието кај публиката.

На црвениот тепих таа се појави во кожен фустан со исечоци, а под него носеше ролка изработена од проѕирен материјал.

По смелото издание на црвениот тепих, пејачката одлучи уште еднаш да го промени аутфитот, па на сцената ја изведе песната Lift me Up во пантолони и блуза со голем број дијаманти што го покриваа нејзиното трудничко стомаче.

За време на настапот таа носеше околу 140 дијаманти, заедно со обетките, алката и ѓерданот.

Инаку, пејачката уште еднаш на генијален начин покажа дека е бремена повторно за време на настапот на полувремето на Super Bowl, кога на сцената излезе и го покажа трудничкото стомаче.

Камерите за време на настапот на Оскарите успеаја да го уловат моментот кога нејзиниот партнер Ејсап Роки ја гледа на сцената, а твитерџиите коментираат:

„Ако мажот не ве гледа така како што Ејсап Роки ја гледа Ријана, откачете го“, „Најдете си партнер што ќе навива за вас како што Ејсап Роки навива за Ријана“.

Прочитајте и Никол Кидман пијана, Лејди Гага му помогна на фотограф кој падна – најчудни и забавни моменти од Оскари 2023

Погледнете повеќе фотографии од Ријана во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Аријана Гранде како замотана во јорган – Најдобро и најлошо облечени ѕвезди на Оскари 2024 (фото) Марго Роби ги замени розовите „Барби“ тоалети за црн провокативен фустан, а Ариј...
Шон Пен ја држел Мадона врзана со часови: Холивудски скандали кои поминаа незабележано Знаевте ли дека во 2015-та, во базенот на Деми Мур било најдено мртво тело на 21...
Ријана искрена за паѓањето на косата по бременоста: „Барем станав покреативна со моите фризури“ „Паѓањето на косата не беше во прирачникот за бременост. И, не очекував да се сл...
Ријана пееше кај најбогатиот Индиец: Доби 6 милиони долари, ги згреши имињата на идните младенци На Твитер се шегуваат дека за 6 милиони долари Ријана не само што требала да ги ...
Деми Мур со кучето, Салма Хајек ги истакна облините: Најубавите модни изданија на Кански филмски фес... Ања Тејлор Џој изгледаше беспрекорно во светкавиот долг фустан, додека Салма Хај...
Познати жени кои биле жртви на семејно насилство (и отворено зборуваа за тоа) Сигурно се сеќавате на потресните фотографии од Ријана на кои пејачката е со мод...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg