Шакира 11 години одбиваше да стапи во брак со Жерар Пике, а сега Клара Чиа ја планира свадбата: „Тие се лудо вљубени“

Не згаснува интересот во шпанските медиуми за разделбата меѓу познатата колумбиска пејачка Шакира и фудбалерот Жерар Пике. Според најновите информации објавени во шпанските портали Пике планира да стапи во брак со 23-годишната Клара Чиа, иако тоа никогаш не го направи со Шакира, со која беше 11 години во врска.

ushte-edna-prichina-zaradi-koja-shakira-e-gnevna-na-pike-fudbalerot-planira-da-se-ozheni-so-devojkata-01.jpg

Шакира неодамна имаше интервју каде што отворено говореше за разделбата со Жерар Пике и нагласи дека се чувствува многу посилно откако се разделила од Пике и дека целосно е сконцентрирана на тоа да биде силна за синовите.

ushte-edna-prichina-zaradi-koja-shakira-e-gnevna-na-pike-fudbalerot-planira-da-se-ozheni-so-devojkata-03.jpg

Таа објави три одмазднички песни кои станаа вистински хитови, а сега шпанските медиуми пишуваат дека нејзиниот поранешен партнер би можел да преземе уште еден чекор заради кој пејачката ќе биде гневна.  

„Поранешниот фудбалер на Барселона и Клара Чиа би можеле да стапат во брак затоа што се ‘премногу вљубени еден во друг’“ – пишуваат порталите.

ushte-edna-prichina-zaradi-koja-shakira-e-gnevna-na-pike-fudbalerot-planira-da-se-ozheni-so-devojkata-02.jpg

За потсетување, Шакира и Пике беа заедно 11 години и имаат две деца, но никогаш не стапија во брак. Шакира во една прилика рече дека таа не сака да стапи во брак.

„Многу ме плаши (помислата на брак). Не сакам да ме гледа како сопруга, сакам да ме гледа како девојка, како љубовница.

Тоа е како да имаш забрането овошје, сакам да ми посветува внимание и да верува дека сѐ е можно во зависност од неговото однесување“ – рече во една прилика пејачката.

ushte-edna-prichina-zaradi-koja-shakira-e-gnevna-na-pike-fudbalerot-planira-da-se-ozheni-so-devojkata-04.jpg

Од друга страна, пак Пике живее заедно со девојката во стан во Барселона, а шпанските медиуми шпекулираат за тоа каква би била нивната свадба:

„Тие најмногу зборуваат за тоа каква свадба би сакала Клара Чиа.

Таа не сака голема свадба, туку нешто интимно и не сака да биде целосно фотографирана во медиумите“ – пишува Marca.

ushte-edna-prichina-zaradi-koja-shakira-e-gnevna-na-pike-fudbalerot-planira-da-se-ozheni-so-devojkata-06.jpg

Прочитајте и „Не ја боли тоа што ја изневерил, туку што е со неа“ - Шакира имала смешен прекар за девојката на Пике пред да дознае за неверството

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
„Не сакам да сум сопруга, туку девојка“: Шакира и уште 4 славни кои не сакаат да стапат во брак Шакира никогаш не била во брак, а Џејн Фонда смета дека сама може да направи пов...
2 години по разделбата со Пике, Шакира не се помирува: „Жртвував толку многу за него“ Шакира најавува нова песна која повторно му е посветена на Пике, а во изјава за ...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg