„Не ја боли тоа што ја изневерил, туку што е со неа“ - Шакира имала смешен прекар за девојката на Пике пред да дознае за неверството
- Детали
- петок, 10 февруари 2023
„Шакира никогаш не виде опасност во неа затоа што сметаше дека таа не е убава жена. Токму тоа ја повреди, затоа што веќе ја познаваше Клара Чиа“ – пишуваат шпанските медиуми и тврдат дека колумбиската пејачка не е толку огорчена за разделбата, колку што ѝ пречи новата девојка на Пике.
Поминаа повеќе од 9 месеци од веста за разделбата на колумбиската пејачка Шакира (46) и нејзиниот поранешен партнер Жерар Пике (36), но во медиумите не стивнуваат пишувањата поврзани со неверството на фудбалерот.
Медиумите прво долго нагаѓаа која е девојката со која Пике ја изневерил Шакира, а потоа тој самиот потврди дека е во врска со 23-годишната Клара Чиа.
Но, пред светот да дознае која е Клара Чиа и пред таа да стане „најомразената“ жена во Шпанија и во светот, Шакира долго време ја познавала, а шпанските медиуми повикувајќи се на сопствени извори пишуваат дека светски познатата пејачка воопшто не сметала дека младата практикантка во компанијата на Пике, Kosmos, може да биде закана.
Клара се однесувала како мошне мирна и фина девојка, па заради тоа Шакира ѝ дала прекар.
„Никој не ја забележуваше Клара. Шакира никогаш не виде опасност во неа затоа што сметаше дека таа не е убава жена – туку само нормална и обична девојка“ – пишува весникот Marca.
Инаку Шакира го искористи прекарот што ѝ го дала на Клара и во нејзината најнова песна Music Session #53, каде ја нарече „мртва мува“.
Наводно, Шакира била премногу погодена од разделбата затоа што не можела да поверува дека нејзиниот партнер ја изневерил со толку тивка, и безначајна девојка.
„Токму тоа ја повреди најмногу, затоа што таа веќе ја познаваше и ја нарекуваше ’мртва мува’, а Чиа била толкму многу фина, што пејачката на почетокот имала мошне убаво мислење за неа“ – стои во медиумите.
Инаку, шпанските медиуми еден ден откако Пике беше забележан како се шета со девојката низ Барселона, пишуваат дека Шакира планира да објави цел албум во кој ќе раскаже што навистина се случувало помеѓу неа и фудбалерот со кого има два сина.
Б. С. Б. | Црнобело