Харви Вајнштајн (70) доби уште една затворска казна за силување – ќе биде ослободен на 107 години
- Детали
- петок, 24 февруари 2023
Харви Вајнштајн, кој веќе отслужува 23-годишна казна затвор за силување, доби уште 16 години затвор за слични обвиненија. Ова значи дека ќе биде ослободен на 107-годишна возраст, а и покрај сите докази против него, тој упорно тврди дека е невин.
Поранешниот филмски продуцент Харви Вајнштајн доби уште една казна затвор за силување и сексуален напад на актерка.
70-годишниот Харви доби 16-годишна казна затвор, а кога му беше кажана пресудата, ја обвини актерката дека го тужела само за да добие пари:
„Неверојатно е што сум осуден за злодело за коешто не сум бил ни присутен. Ја сум невин. Никогаш не сум силувал или нападнал некого.
Таа трипати лажно сведочеше, а потоа ме тужеше за пари. Нејзиното тврдење е измама за пари“.
Актерката која го тужеше Харви, се расплака додека сведочеше на судењето:
„Пред таа ноќ бев среќна и самоуверена жена. Бев возбудена за мојата иднина. Сè се промени кога тој брутално ме нападна. Не постои доволно висока казна затвор за да ја поправи штетата“, изјави таа.
Харви веќе отслужува 23-годишна казна затвор за силување и слични злодела.
Ова значи дека новата казна ќе почне да ја отслужува кога ќе наполни 91 година и, доколку биде жив, ќе биде ослободен дури на 107-годишна возраст.
Самиот Харви упорно тврди дека е невин, без разлика што голем број жени од Холивуд докажано биле негови жртви.
Неговите адвокати, пак, сметаат дека казната е премногу висока.
„Казната е сурова кога ќе се земат предвид неговата возраст, неговото здравје и условите на затворот, кога единственото обвинение е од личност која лаже“.
Силувањата на Харви Вајнштајн ја потресоа филмската индустрија и го започнаа движењето MeToo во 2017 година. Оттогаш, голем број жени, вклучувајќи и познати актерки како Анџелина Џоли, се огласија и го споделија нивното лошо искуство со него.
Во меѓувреме, и Парис Хилтон откри дека пробал да ја нападне во женски тоалет.
Прочитајте и Харви Вајнштајн: „Џенифер Анистон треба да биде убиена“
На последното судење, на Харви му се судеше за пет сексуални напади од четири различни жени, а инцидентите се случиле помеѓу 2004 и 2013 година.
Наводно, поротата не можела да се согласи за дел од обвиненијата, но доколку се покажело дека е виновен под сите точки, голема била веројатноста сега да добие и казна затвор од 65 години.
Прочитајте повеќе: Сексуални напади, лош темперамент: 6 мрачни тајни за холивудскиот могул Харви Вајнштајн
Спирова С. | Црнобело