Нејзиниот бивши сопруг процвета, а таа се претвори во пластична кукла – Меган Фокс пред и по разводот со Брајан Остин Грин
- Детали
- понеделник, 20 февруари 2023
Додека таа се фалеше со бизарните ритуали за пиење крв со Машин Ган и парадираше на црвениот тепих во провокативни модни изданија, нејзиниот поранешен сопруг се посвети на тоа да изгради семеен живот со новата девојка – Колку се променија животите на Меган Фокс и Брајан Остин Грин по разводот?
Меган Фокс деновиве беше топ тема во медиумите откако на Инстаграм прво ги избриша сите заеднички фотографии со нејзиниот свршеник Машин Ган Кели, а потоа го избриша и профилот, по што почнаа гласините дека тие двајца раскинале.
Откако во голем број од светските медиуми се појави веста дека Меган Фокс раскинала со Машин Ган Кели, таа одлучи повторно да го активира профилот на Инстаграм и да ги коментира пишувањата за наводната афера на нејзиниот свршеник.
„Во нашата врска не се вмешал никој трет. Тоа вклучува луѓе, пораки, роботи или демони. Иако мразам што ќе ве лишам од неосновани вести што попрецизно би можеле да бидат напишани од страна на chatGPT, морате да оставите оваа приказна да умре и да ги оставите овие невини луѓе на мир“ – напиша Меган на Инстаграм.
Инаку, во последните две години освен со својата врска со Машин Ган Кели, Меган привлекува внимание и со промените во физичкиот изглед.
Во минатото Меган важеше за една од најубавите холивудски актерки која ја освои публиката со својата природна убавина, но во последните неколку години фановите коментираат дека таа целосно го променила личниот опис и дека направила операции на носот, градите, а освен тоа, ставила филери на усните и ботокс на челото.
За потсетување, Меган Фокс и Машин Ган Кели ја почнаа врската во 2020-тата година, а тој ја побара за жена две години подоцна во 2022-ра, додека таа сè уште не беше официјално разведена од Брајан Остин Грин.
На почетокот на врската таа и Машин Ган Кели не се одлепуваа еден од друг, постојано разменуваа бакнежи и нежности на црвениот тепих, отворено говореа за нивните ритуали на пиење крв, а потоа се чини дека односите меѓу нив се влошија.
Од друга страна, пак, нејзиниот поранешен сопруг, Брајан Остин Грин се чини дека по разводот процвета.
Тој ја почна врската со танчарката Шарна Бургес со која го доби синот Зејн Вокер, а како што може да се види од фотографиите што редовно ги споделува на Инстаграм, неговиот живот не вклучува бизарни ритуали и церемонии, туку ужива во семејната идила.
Б. С. Б. | Црнобело