Клои Кардашијан во бикини го покажа целулитот со реални фотки, без Фотошоп – добива само комплименти
- Детали
- четврток, 16 февруари 2023
Вистинска реткост е да видиме фотка од Кардашијанс која не е фотошопирана, но Клои Кардашијан самата сподели неколку вакви фотки на кои изгледа одлично, а ѝ се познава и целулитот. Во коментари, претежно добива комплименти за изгледот, но и одлуката да покаже како навистина изгледа.
Фотошопираните фотки станаа заштитен знак за сестрите од кланот Кардашијан-Џенер, а неретко се и критикувани за тоа.
Па, вистинско освежување е кога ќе видиме реална фотографија од нив.
Обично ова се папарацо фотки од познатите сестри, но сега Клои Кардашијан самата сподели неколку.
38-годишната ријалити ѕвезда објави фотографии кои не се уредувани и на кои се гледа дека и таа, како скоро сите жени, има целулит.
На фотографиите, Клои носи сиви бикини и изгледа одлично. Во описот појаснува дека фотографот била Кендал Џенер:
„Кога сестра ти ти ги знае аглите“.
Во коментари, повеќето следбеници на Клои имаат само комплименти, најмногу за одлуката да покаже како навистина изгледа.
„Да! Кардашијан со целулит! Ја сакам оваа твоја поприродна верзија“.
„Браво. Конечно, реална слика без уредување“.
„Ми се допаѓа што фотографиите покажуваат дека и таа има текстура на кожата и целулит! Освежувачко е кога познатите личности не претеруваат со уредување на фотките“.
Нормално, некои и ја критикуваат, истакнувајќи дека Клои е опседната со изгледот и сепак поставува стандарди за убавина што се недостижни за повеќето девојки и жени.
Од сите сестри, Клои е најмногу критикувана за користењето Фотошоп, а самата има изјавено дека тоа што постојано ја споредуваат со сестрите, имало лошо влијание врз нејзината самодоверба.
Спирова С. | Црнобело