Помина низ пекол од зависности – Метју Пери во најлошо издание досега откако ги надмина кризите (фото)
- Детали
- вторник, 14 февруари 2023
По пеколот низ коj помина поради зависноста од алкохол и дрога, и откритието дека не помни 3 сезони од „Friends,“ Метју Пери (53) ја надмина кризата, но овие проблеми си го земаа данокот – нови фотки од актерот на кои изгледа запуштено и во лошо издание.
Во мемоарите кои ги објави минатата година, ѕвездата на „Пријатели“, Метју Пери, откри која е цената што ја платил од зависностите од дрога и алкохол.
Исто како и останатите ѕвезди од хит серијата, и тој заработуваше големи суми за епизода, а достигна слава рано во животот, која го натерала да влезе во неволји до 34-тата година.
Тој откри дека бил во кома две недели и дека зависностите за малку ќе го чинеле живот, со оглед на тоа што му биле дадени само 2% шанси да преживее кога му пукнало дебелото црево заради зависноста од опијати, а откри и дека бил ставен на машина која никој не ја преживува.
Прочитајте повеќе: Метју Пери со нови детали за зависноста: „Речиси умрев од предозирање, 2 недели бев во кома и ми направија 14 операции на стомакот“
Сега е трезен долги години, откако помина низ тешка криза и борба, по 14 операции на стомакот и вкупно 15 обиди за чистење на рехабилитација.
Сепак, зависностите си го земаа данокот, а тој и покрај тоа што во еден период изгледаше добро, сега, по повеќе од 2 месеци криење од јавноста, како воопшто да не се грижи за неговиот изглед.
Ноември, 2022
На најновите фотки Метју е со запуштен изглед, неуредна коса и брада, со вишок килограми и изгледа непрепознатливо:
М. М. | Црнобело