„Леонардо ди Каприо не ја манипулира новата 19-годишна девојка - таа го користи за слава“

Таа не е присилена. Таа знае дека Лео ги остава жените штом ќе наполнат 25 години. Таа го добива гламурот од врска со филмска ѕвезда. Овде зборуваме за одмори на јахти, пристап до ВИП делови во локали, медиумско внимание и оживеана кариера како модел“, пишува колумнистката која смета дека Леонардо ди Каприо (48) не го заслужува јавниот линч поради 19-годишната девојка со која наводно се гледа, бидејќи таа само го користи за слава.

kolumnistka-go-brani-leonardo-di-kaprio-po-javniot-linch-za-19-godishnata-devojka-taa-go-koristi-nego-za-slava-01.jpg

Досега повеќето се шегуваа за младите девојки на Леонардо ди Каприо и фактот дека им раскинува штом ќе им наближи 25-тиот роденден.

Сепак, за најновата потенцијална девојка, 48-годишниот актер е критикуван од јавноста.

Леонардо беше забележан на забава со 19-годишна девојка, Иден Полани, која работи како модел.

Штом фотките се појавија онлајн, актерот се соочи со остри критики, а дел од јавноста истакнува дека младата девојка не ни била родена кога Titanic беше премиерно прикажан во кината.

kolumnistka-go-brani-leonardo-di-kaprio-po-javniot-linch-za-19-godishnata-devojka-taa-go-koristi-nego-za-slava-04.jpg

Твитер е преплавен со осудувачки коментари насочени кон актерот:

„Некој нека ми објасни што имаат заедничко речиси 50-годишен маж и 19-годишна девојка“.

„Некој нека го запре Леонардо. Престана да биде смешен пред 10 девојки“.

„Девојката на Леонардо е толку млада, што веројатно на училиште учела за филмот Romeo and Juliet во којшто глумеше тој“.

kolumnistka-go-brani-leonardo-di-kaprio-po-javniot-linch-za-19-godishnata-devojka-taa-go-koristi-nego-za-slava-03.jpg

Daily Mail пренесува дека нивен извор кажал дека седеле еден до друг на забавата, но избегнал да коментира за тоа дали се во врска.

Друг извор, пак, само споделува дека нема ништо сериозно помеѓу нив, што не ја исклучува можноста актерот и моделот сепак да се гледаат.

kolumnistka-go-brani-leonardo-di-kaprio-po-javniot-linch-za-19-godishnata-devojka-taa-go-koristi-nego-za-slava-05.jpg

Откако се појавија фотките од Леонардо и Иден, младата девојка сподели фотка од Њујорк на Инстаграм, но поради некоја причина, подоцна ја избриша.

Бидејќи тој период и актерот бил во Њујорк, некои сметаат дека ова е цврст доказ дека биле заедно.

kolumnistka-go-brani-leonardo-di-kaprio-po-javniot-linch-za-19-godishnata-devojka-taa-go-koristi-nego-za-slava-09.jpg

Иден допрва ја почнува својата кариера како модел, а токму поради ова, колумнистка на Daily Mail - Јана Хокинг - смета дека Леонардо не треба да биде на јавен линч.

Односно, не е актерот крив што млада девојка сака да го искористи за слава.

„Шок, хорор – познат и згоден актер е во врска со убава, млада жена. Зарем не сме го виделе ова милионпати? Ако е вистина, погодете што – Иден не е манипулирана.

Таа не е присилена да се дружи со него. Таа знае дека Леонардо ги остава жените штом ќе наполнат 25 години.

kolumnistka-go-brani-leonardo-di-kaprio-po-javniot-linch-za-19-godishnata-devojka-taa-go-koristi-nego-za-slava-10.jpg

Возбудливо е, а исто така е како трансакција. Тој добива убава девојка за да се фали, а таа го добива гламурот од врска со филмска ѕвезда.

Овде зборуваме за одмори на јахти, пристап до ВИП делови во локали, медиумско внимание и оживеана кариера како модел. Како некој кој бил со позната личност претходно, можам да ви качам точно што ѝ се случува на Иден сега.

kolumnistka-go-brani-leonardo-di-kaprio-po-javniot-linch-za-19-godishnata-devojka-taa-go-koristi-nego-za-slava-08.jpg

Најпрво, многу новинари ќе ѝ пишуваат пораки и ќе ѝ нудат интервјуа, папараци ќе ја прашуваат дали може да ја фотографираат, стари пријатели од училиште ќе ја побараат ’само за да ја прашаат како е‘.

Брендови ќе ѝ нудат бесплатна облека, а агенциите што ја одбивале ќе ја бараат. Никогаш не добивала толку многу внимание. Луѓето сакаат да ја знаат!

kolumnistka-go-brani-leonardo-di-kaprio-po-javniot-linch-za-19-godishnata-devojka-taa-go-koristi-nego-za-slava-06.jpg

И, Иден не е глупава. Таа објавуваше фотографии од Њујорк, каде што Лео е моментално, пред да ги избрише. Зошто? Бидејќи ова создава интрига. Ја продолжува приказната.

Без разлика дали тој ѝ рекол да ги избрише или таа самата одлучила, трикот функционирал. Бидејќи, гледате, денешните 19-годишници се итри.

Знаат што привлекува внимание на социјалните мрежи и благодарение на менторите како Ким Кардашијан, знаат како да ги претворат 15-те минути слава во кариера која трае цел живот.

kolumnistka-go-brani-leonardo-di-kaprio-po-javniot-linch-za-19-godishnata-devojka-taa-go-koristi-nego-za-slava-07.jpg

Само прашајте ја Жизел Бундшен која имаше 18 години кога се гледаше со Лео. Таа беше релативно непознат модел кој, благодарение на вниманието, доби договор со Victoria’s Secret, неколку насловни страници на Vogue и стана еден од најплатените модели во светот.

Дали би стигнала таму сама? Можеби, кога тогаш. Дали врската со Лео ѝ ја однесе кариерата на ново ниво, многу побрзо? Апсолутно“.

kolumnistka-go-brani-leonardo-di-kaprio-po-javniot-linch-za-19-godishnata-devojka-taa-go-koristi-nego-za-slava-02.jpg

Колумнистката истакнува и дека врските со постари мажи се подобри, бидејќи тие имаат стабилна заработка, знаат што сакаат во животот и ги почитуваат партнерките.

Таа споделува и дека во светот на шоу-бизнисот честопати ја гледаме и обратната ситуација – постари жени да имаат врски со помлади мажи, и смета дека тоа е сосема во ред.

kolumnistka-go-brani-leonardo-di-kaprio-po-javniot-linch-za-19-godishnata-devojka-taa-go-koristi-nego-za-slava-11.jpg

„Да бидеме искрени, дури и ако Лео и Иден се заедно, тоа нема да трае, па зошто да не оставиме да се случи тоа што ќе се случи?

Иден, во врска си со прекрасна холивудска ѕвезда, уживај во црвениот тепих, уживај во одморите на јахти.

Бидејќи додека јас седам овде во мојот стан со една спална и јадам сендвич од супермаркет, знам дека не би до одбила тоа. Дури и ако се само неколку месеци апсолутен гламур“.

Што мислите за ставот на колумнистката?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шон Пен и новата 34 години помлада девојка критикувани од јавноста: „Одвратно, некои би направиле сè... Новата девојка на Шон Пен е помлада од неговите деца, а поради фотките на кои ст...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg