„Многу си ослабена“ - Иванка Трамп (41) ги загрижи фановите со изгледот, по смртта на мајка ѝ
- Детали
- петок, 03 февруари 2023
„Те сакам, но мора да јадеш. Не изгледаш воопшто добро“, гласи само еден од низата коментари на загрижени фанови за драстично ослабената Иванка Трамп.
Иванка Трамп (41) драстично ослабе, по смртта на нејзината мајка Ивана Трамп во јули 2022 година, а фановите веќе искажуваат загриженост под коментари на нејзините најнови фотографии.
Постара фотографија со нејзиниот татко Доналд Трамп
Од фотографии од прошетки со сопругот до позирање во аутфити за излегување, Иванка навистина изгледа поинаку од порано.
Дали слабее намерно или тагата по мајка ѝ си го земала данокот, не се знае...
Дел од коментарите на фановите се: „Те сакам, но мора да јадеш. Не изгледаш воопшто добро“, „Изгуби толку многу килограми откако почина мајка ти“, „Не ме сфаќај погрешно – ти си секогаш убава, но сега си преслаба – мора да почнеш да се грижиш за своето здравје“.