Додека Марк Ентони прави свадба Џеј Ло се шета низ Лос Анџелес + Зошто на пејачката не ѝ се допаѓа новата маќеа на нејзините деца? (фото)
- Детали
- понеделник, 30 јануари 2023
Поранешниот сопруг на Џеј Ло, Марк Ентони стапи во брак со 23-годишната Мис Универзум, Надја Фереира, а иако се очекуваше дека на церемонијата ќе присуствуваат и пејачката и нивните две деца, тие не дојдоа. Зошто на Џеј Ло не ѝ се допаѓа новата сопруга на Марк Ентони?
Марк Ентони (54) во саботата (28.01) стапи во брак со Надја Фереира (23), а иако многумина очекуваа на свадбата да се појави и неговата поранешна сопруга Џеј Ло со нивните деца, Макс и Еме (14), тоа не се случи.
Џеј Ло беше забележана како се шета со сегашниот сопруг Бен Афлек и децата низ Лос Анџелес. Заедно со нив беше ќерката на Џеј Ло, Еме, како и децата на Бен Афлек од бракот со Џенифер Гарнер, Семјуел и Серафина.
Според дел од медиумите, Џеј Ло му поставила еден услов на поранешниот сопруг за да му даде благослов да се ожени со убавата Надја, која е 31 година помлада од него.
Според некои медиуми, на Џеј Ло не ѝ се допаѓала одлуката на Марк Ентони да стапи во брак со Надја откако претходно биле во врска само 6 месеци.
Наводно, таа на крај му рекла дека ќе му даде благослов само ако Марк ѝ вети дека Надја ќе се однесува како што треба со нивните деца.
Дел од светските медиуми повикувајќи се на сопствени извори пишуваат дека Џеј Ло е загрижена за своите деца и нема доверба дека Надја ќе се однесува добро со нив во периодот кога децата претстојуваат кај татко им.
Инаку, за потсетување Џеј Ло и Марк Ентони стапија во брак во 2004-та година, набрзо, откако таа ја раскина свршувачката со Бен Афлек, а се разведоа во 2014-та година.
Освен близнаците Макс и Еме, Марк има уште 4 деца од други врски. Со стапувањето во брак со Марк Ентони Надја стана маќеа на 6 деца.
Прочитајте и Младоженецот плаче од радост, олтарот е прекриен со бели рози - Први фотки од свадбата на Марк Ентони со 23-годишната Надја Фереира
Повеќе фотографии од Џеј Ло и Бен Афлек во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело