Девојката на Џеф Безос првпат прозборе за нивната врска: „Не ми дава да објавувам сè на Инстаграм, не смеам да кажувам каде одиме“

Во ексклузивно интервју, Лорен Санчез откри дека ѝ било тешко да се навикне на вниманието што го добива поради Џеф Безос и дека сега нема дозвола да објавува што било на Инстаграм заради него. Таа вели и дека милијардерот планира да го донира скоро целото богатство, како и дека е прекрасна личност.

devojkata-na-dzhef-bezos-prvpat-prozbore-za-nivnata-vrska-kje-donira-golem-del-od-parite-ne-mi-dava-da-objavuvam-se-na-instagram-001.jpg

Лорен Санчез, попозната како девојката на Џеф Безос, првпат прозборе за врската со еден од најбогатите луѓе на светот во ексклузивно интервју за The Wall Street Journal.

devojkata-na-dzhef-bezos-prvpat-prozbore-za-nivnata-vrska-kje-donira-golem-del-od-parite-ne-mi-dava-da-objavuvam-se-na-instagram-05.jpg

Во интервјуто, 53-годишната Лорен која е пилот и позната водителка во САД, открива како изгледа нивното секојдневие, зошто го минуваат целото време заедно, но и како е да се соработува со еден од најмоќните луѓе на планетата.

„Ова е најубавото искуство што сум го имала. Отсекогаш сум ги одвојувала кариерата и партнерот. Но, сега мислам дека благодарение на тоа што можам да работам со партнерот, можам да бидам со него постојано“, вели Лорен која сега има продукциска компанија која соработува со неколку компании на Безос.

devojkata-na-dzhef-bezos-prvpat-prozbore-za-nivnata-vrska-kje-donira-golem-del-od-parite-ne-mi-dava-da-objavuvam-se-na-instagram-12.jpg

Лорен истакнува дека Безос работи речиси постојано.

„Живеењето со Џеф е како секој ден да имате некое предавање. Најмногу ме научи за менаџментот. Многу работи. Не знам како успева – може со часови да чита документи“.

devojkata-na-dzhef-bezos-prvpat-prozbore-za-nivnata-vrska-kje-donira-golem-del-od-parite-ne-mi-dava-da-objavuvam-se-na-instagram-16.jpg

Не е познато како Безос и Лорен ја почнаа врската, но наводно се зближиле бидејќи милијардерот честопати летал со хеликоптер што го управувала Лорен.

Милијардерот доживеа хеликоптерска несреќа во 2003 година, а токму Лорен му помогнала да го надмине стравот и повторно да почне да лета. Всушност, таа успеала да го убеди и самиот да стане пилот.

„Сакаме да сме заедно и многу сакаме да работиме заедно. Наскоро и тој ќе стане пилот. Летаме заедно, вежбаме заедно. Постојано сме заедно“.

devojkata-na-dzhef-bezos-prvpat-prozbore-za-nivnata-vrska-kje-donira-golem-del-od-parite-ne-mi-dava-da-objavuvam-se-na-instagram08.jpg

Лорен вели и дека Безос е опседнат со вежбање.

„Многу е посветен на вежбањето. Не сте ни свесни колку. Вложува многу труд“.

devojkata-na-dzhef-bezos-prvpat-prozbore-za-nivnata-vrska-kje-donira-golem-del-od-parite-ne-mi-dava-da-objavuvam-se-na-instagram-04.jpg

Лорен и Безос имаат вкупно седум деца од претходните бракови, а голем дел од времето го минуваат заедно со нив.

Иако Лорен вели дека е пресреќна, истакнува дека сепак врската со толку популарна и моќна личност си има и свои предизвици.

На пример, таа морала да научи дека не смее да кажува каде се со Безос и мора да внимава што објавува на Инстаграм.

„Тешко е. Јас сум многу отворена личност. Навистина зборувам многу. Сакам да ги кажам сите мои тајни. Морав да научам дека повеќе не можам да го правам тоа.

Ова беше добра лекција. Морам подобро да ја чувам приватноста, да се контролирам повеќе, и тоа е во ред“.

devojkata-na-dzhef-bezos-prvpat-prozbore-za-nivnata-vrska-kje-donira-golem-del-od-parite-ne-mi-dava-da-objavuvam-se-na-instagram-06.jpg

Моментално Лорен и Безос живеат на Беверли Хилс, во куќа која се проценува на 165 милиони долари.

„Обично во сабота се дружиме и имаме вечера со децата, што е секогаш забавно бидејќи никогаш не знаете кон каде ќе тргне разговорот со толку многу деца.

Во недела наутро, Џеф прави палачинки. Се буди рано и ја отвора неговата омилена книга со рецепти“.

devojkata-na-dzhef-bezos-prvpat-prozbore-za-nivnata-vrska-kje-donira-golem-del-od-parite-ne-mi-dava-da-objavuvam-se-na-instagram-14.jpg

Лорен истакнува дека приватно, Безос е многу забавна личност со одлична смисла за хумор и уникатен начин на смеење.

„Постојано се смеам поради него. Кога првпат слушнав како тој се смее, без изненадена, но сега ја сакам неговата смеа. Ако, на пример, сме на забава и се разделиме, треба само да почекам некоја секунда да се насмее за да го лоцирам.

Многу е среќен, ме инспирира секој ден. Ме прави подобра личност. Тој е најпрекрасниот човек што го знам“.

devojkata-na-dzhef-bezos-prvpat-prozbore-za-nivnata-vrska-kje-donira-golem-del-od-parite-ne-mi-dava-da-objavuvam-se-na-instagram07.jpg

Безос е еден од богаташите кои не зборуваат многу за филантропија, но кон крајот на 2022-ра откри дека планира да го донира поголемиот дел од богатството. Сега и Лорен го потврди тоа.

„Џеф отсекогаш ми кажувал дека ќе го донира најголемиот дел од неговото богатство. Само смета дека тоа не е нешто за коешто треба да зборува во јавност“.

devojkata-na-dzhef-bezos-prvpat-prozbore-za-nivnata-vrska-kje-donira-golem-del-od-parite-ne-mi-dava-da-objavuvam-se-na-instagram-02.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Ким Кардашијан се жали дека децата ѝ се надвор од контрола: „Се заклучив во бањата, не можам веќе са... „Тропаат по врата, врескаат, плачат додека не добијат iPad, а јас не можам да из...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg