Спиеше со 2.000 жени, а сега не излегува од дома – пријателите на Џек Николсон загрижени дека ќе умре сам во неговиот дом
- Детали
- четврток, 12 јануари 2023
Џек Николсон важеше за најголемиот „женкар“ во Холивуд и спиел со над 2.000 жени, но наводно го нема напуштено домот цела година, а неговите пријатели стравуваат дека ќе умре сам, како и дека има деменција што ја крие од јавноста.
Пријателите на Џек Николсон почнуваат да ја искажуваат нивната загриженост за актерот кој наводно воопшто не го напушта својот дом.
Во интервју за RadarOnline, извор близок до 85-годишниот актер вели дека неговите блиски стравуваат дека ќе умре сам во неговиот дом, исто како Марлон Брандо со кого беше добар пријател.
„Ни кажа дека неговиот дом е негов замок. Но, луѓето сакаат барем да излезе од куќата за да им каже дека е во ред“, вели изворот.
Актерот последен пат беше забележан во јавност во октомври 2021 година, на кошаркарски натпревар со неговиот 30-годишен син Реј.
Пред овој натпревар, актерот се „криеше“ дома цела година, по што почнаа гласини за неговото влошено здравје.
„Џек комуницира со некои роднини, особено син му Реј на кого е многу горд, но неговите денови на социјализација се одамна завршени“, вели изворот.
Актерот има вкупно 5 деца, од од пет различни жени.
Според изворот, однесувањето на Џек премногу наликува на последните денови од животот на Марлон Брандо.
Пред неговата смрт во 2004 година, Марлон Брандо драстично ја зголеми тежината и беше потполно изолиран од светот во неговиот дом на Тахити.
„Брандо умре како осаменик, а водеше мошне забавен живот. Пријателите на Џек сега прават споредба. Некогаш децата го посетуваат Џек, но тие му се единствениот контакт со надворешниот свет.
Изгледа како тој да не сака да се соочи со реалноста, а тоа е навистина тажно“, додава изворот.
Во 1970-тите, Марлон Брандо и Џек Николсон важеа за најголемите „женкари“ во Холивуд, а постоеја и многу гласини за нивните луди забави и „авантури“.
Тие живееја на иста улица во Холивуд, која поради нив сега е нарекувана „Улицата на лошите момци“.
Еднаш и самиот Џек Николсон откри дека цели три месеци не облекол ниту едно парче облека, без разлика дали имал гости или не, како и дека има спиено со над 2.000 жени.
Наводно, актерот го прекинал контактот со сите блиски пријатели, а секој ден спие до пладне, игра голф и поминува време со неговата уметничка колекција.
Некои тврдат дека актерот има деменција, а за него се грижат синот Реј и ќерката Лорејн.
„Тажно е да гледате толку талентиран актер да го завршува животот на овој начин“, вели изворот.
Актерот живее во огромна куќа која е негов дом уште од 70-тите. Наводно, тој ја купил и соседната куќа, само за да не мора да се справува со соседи.
Изворите велат дека неговото семејство пробува да го убеди да се пресели во помала куќа и со тоа се надеваат дека ќе го мотивираат да излезе од дома.
Последната улога на Џек Николсон беше во романтичната комедија How Do You Know од 2010 година. Во 2018-та, пак, негов пријател откри зошто се повлекол од актерската кариера:
„Има едноставна причина за неговата одлука – проблеми со сеќавањето. Џек има проблеми со меморијата и повеќе не може да ги помни дијалозите“.
Прочитајте и: На 37 години открил дека неговата сестра му е биолошка мајка – лудата животна приказна на Џек Николсон
Спирова С. | Црнобело